никој (зам.) - доба (имн.)

Гумениот душек беше надвор, како и платнените креветчиња спружени среде оној карактеристичен мирис на блиското есенско согорување на билките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем и јас, во минатото, на сонот му давав предност, иако потоа, при првото будење, па и тогаш кога будењето ќе се случеше во никое доба, не се стеснував да му се навртам на првото лапало што ќе го напалав во темнината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Патуваат тие без прекин од соба в соба од рано утро до никоја доба.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Од темни зори на утрини летни до никоја доба на вечери зимни тој гладно пие тагата наша и потта и крвта и снагата ни.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
- Никоја доба е, госпоѓо, но морам да Ви речам дека судбината на Вашите соседи не ме остава рамнодушен, особено книгите за јагулите!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тогаш, кога веќе сите папсаа, најстариот на масата не погледна во часовникот на раката туку во прозорецот што зазоруваше, па рече: „Никоја доба. Само за мадиња бесење“.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Полноќ е, никоја доба сал еден лилјак, слепо пиле наслепо слетува во спалната и буди страв, страшен, страотен...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)