Никогаш не ќе заминев, ако опасноста не нѐ демнеше од сите страни.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Делото на Кафка е дијагноза на сите ѓаволски моќи што нѐ демнат.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ако мртвиот не дошол и самиот да си касне за душа, некој друг нѐ демне и ни ги мери чекорите кон неврат. Кој - не знаев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Мечкојад никогаш не се смеел, никогаш гласно.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Цела глутница иде и нѐ демне.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А спектралната цивилизација измислена од Американците, ефемерна и толку блиска до исчезнување, наеднаш се чини дека е најдобро и исклучиво прилагодена кон веројатноста на животот кој нѐ демне. 62 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Умно велеше Филозофот: сѐ што гледаме сведочи за невидливото: За оној кој го направил видливо сето ова, а самиот останал невидлив, се сокрил од пред очите наши за да нѐ гледа, да нѐ слуша, да нѐ демне; нѐ оставил да го бараме и созерцаваме.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)