нѐ (зам.) - запознае (гл.)

Чарлс ми рече дека познава некој Џерард Маланга, студент на Вагнер коле­ џот, и нѐ запозна на една книжевна вечер во New School.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Буквално мо­ равте да ги прескокнувавте дупките на подот, додека кровот полека но упорно прокиснуваше; ние тоа многу не го ни забележувавме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се распрашував кај сите мои пријатели дали знаат некој “уметнички клинец” кому му е потребна работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гаврил, без никаков комплекс што неговото семејство доаѓа од една мала далечна земја, се гордееше со нас и гледаше да нѐ запознае со повеќе другари и другарки од пливањето, од факултетот по информатички науки, цимери од кампусот, од организацијата на интернационални студенти, со неговите професори, тренерите по пливање и многу други.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Досега само еднаш сум патувал со него, и тоа пред неколку години, кога учителот нѐ поведе да нѐ запознае со градот и да го видиме сѐ она што го нема во нашето село.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таа ноќ стигнавме под Плетвар (Прилепско), тука ни одржа говор еден заменик на баталојот – Бугарин и почна бугарски да нѐ храбри да не се плашиме, нѐ запозна со тоа каде е непријателот и дека лесно ќе го победиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ние сме добри луѓе, ќе нѐ запознаете и ќе нѐ просудите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Добре дојдовте во нашата, така да речам, долина Јосафатова.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)