Прислужникот не веруваше во нашата приказна: тој нѐ испрати до големиот влез на гимназијата и, гледајќи нѐ со поглед полн сомневање, ја заклучи зад нас влезната врата со огромниот клуч.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Дури повеќе и од оние најстрашните на мајка ми, што ги земаше за да си го продолжи животот, што и не беше живот туку мачење и обврска да нѐ испрати нас трите на патот наш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Делегати сме“, рече. „Нѐ испратија да прашаме до кога вака“.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од Битола нѐ испратија во Гостивар и во Тетово, да ги очистиме балистите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Летото, мене и Оливера Поточка, нѐ испратија на партиска школа во Скопје.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Слушнав како ѝ рекоа на мајка ми: „Мајко разбуди ја Ласа да ја видиме, оти којзнае дали уште еднаш ќе ни се пружи прилика да дојдеме во селото, бидејќи сега ќе нѐ испратат на Грамос или Вичо, па може ќе загинеме...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Селин нѐ испрати до вратата, во тишина.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Кога баба Анка нѐ испрати на заминување, ни подаде една голема пластична кеса полна со бонбони.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Немавме што да пакуваме. Од облеката со која нѐ испратија не остана ниту половина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Само ќе втасавме во едно пристаниште а оттаму ќе нѐ испратеа на друго.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој нѐ испрати до прагот од куќата. Заминавме со Мајка, со колона коли кон границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)