Ете, Митровден е близу, да собереме шо дал господ, па имаме и три куќи, сакате излезете вие, сакате да излеза јас, да не нѐ носат светот отпазар — напазар, — рече Стојо со тага на душата и длабоко се издиши.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Таму нѐ носат, - рече Шишман, мислејќи на фронтот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Патувањето со ова вовче, наспрема големиот воз Балкан-експрес со кој и покрај некогашната голема желба на Татко да продолжиме кон западна Европа не отпатуваме никогаш, ни се чинеше како да нѐ носи во небото, до некој облак, како во слика на Шагал.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Нашето се поголемо научно разбирање за тоа знаење нѐ носи далеку од тврдењето дека нешто е очигледно затоа што така ни вели здравиот разум.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
А ова може да доведе до парадокси како што усреднувањето нѐ носи од реверзибилната Њутновска механика во иреверзибилната термодинамика.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
— Кај ќе нѐ носат нас?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ни застанаа вака, од страните, и нѐ држат на око, што се вели, како да нѐ носат спровод.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нозете му премрзнуваа од студ.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кога нѐ подготвуваа за да нѐ носат, донесоа некаква одлука за секоја група од по 30 деца да има по една жена која ќе им биде како мајка.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Во ладните скопски зими нѐ носеше на скопското лизгалиште на Кале.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Нѐ туркаат и нѐ носат со себе, како да сме зрнца песок, случајно затечени на патот на зазбивтаната вода.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
По ручекот најчесто нѐ носеа на кино. Небаре салата беше само за нас.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Вам ви лета зашто ви е убаво кога патувате, прашајте нѐ нас како ни е - си мислев, растажувајќи се над себеси, а нему му префрлив: - Постојано само одите низ светот, а нас нѐ носите на летување.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И само се прашуваа луѓето – каде ли ќе нѐ носат? И носеа и стигнуваа и други.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таму нѐ носеа не за да гледаме футбалски натпревари, туку во трчање и играње на зелениот килим од ниско искосена трева да го поминеме половината ден.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нѐ построија одделение по одделение и така во ред, двајца по двајца нѐ носеа крај брегот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сигурно не знаевме дека ќе нѐ носат во дом, под покрив, во кревет, дека ќе ни дадат топло кафе со џем и парче леб, дека тоа го прават за наше добро, за да нè згрижат и сите тие смрдливи работи што до ситница се предвидени со домскиот ред.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Цел еден век. Уморот, тешкиот пат, гладот и жедта што нѐ следеа со часови додека нѐ носеа во домот завчас исчезна, божем сета наша мака, несреќи ги стопи добрата душа на Големата вода.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Каде ќе нѐ носите со детево? ... Зар не ви е грев?... - Кај другите ... Има доста како тебе ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Кога ја скашкаа во Сараево едни нѐ носат на австриска граница, други - на Едрење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нѐ качија на воловски коли и нѐ носат кон Битола.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)