Напомош да ни е Новата година. Бериќетлија да ни биде и од лошо да нѐ чува.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Полицијата е затоа да нѐ чува од такви.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Некој забуцал вила во ребрата на моето воле. Лапајте, проклетници, и протегајте се крај оган.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Старчето го погледнало со очи на желка фатена во примка и со насилство задржана глава вон од оклопот. - Ми донесе ли печени компирчиња, Доце?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Борис Калпак гледаше во челникот со закана. „Игуменијата те благослови да нè водиш и да нѐ чуваш. Стори нешто.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А јас на бесрамницава ѝ говорам - земи го, има компир, има злато, ќе нѐ чува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мурџо се вкопа на место, се согласи со мајка Перса, ама за тоа побара одобрение и од очите на мајката Пелагија и дури кога таа немушто, во себе, изговори Да ѝ веруваш, таа ќе нè чува како што нѐ чуваш и ти! и дури тогаш се врати назад и се смести пред влезната врата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Зошто? Така сакаше Марјанти... која постојано велеше дека неа од борбениот строј ја откина генералот Маркос и ја прати тука, во Драч нас да нѐ чува, да не учи како да ја сакаме борбата и брзо да растеме за да го продолжиме делото на нашите татковци и браќа кои храбро се борат против англо-американскиот империјализам.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кај современата музика, кога таа навистина е современа, немаме време за тоа одвојување (кога нѐ чува од животот), и така современата музика не е толку уметничка колку што е животот и оној што ја создава штом ќе заврши еден дел почнува да создава друг токму како што луѓето постојано перат садови, заби, одат на спиење итн.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„Не, ве водиме во парк, за да си поиграме со вас,“ се смееше еден од војниците кои нѐ чуваа во камионот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И за слава на светецот што треба да нѐ чува до крајот на војната.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)