Кога ли успеал да ја организира оваа гозба, алал да му е, си дорече секретарот, гледајќи го блажениот и опуштен израз на републичкиот партиски секретар.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Поза
Додека месечината од мракот
парампарче прави во нас
несвесното е распослано
како освојувачот пред Рим
кајшто сите патишта водат
тој што во тебе бара
сличности
со историски ликови
фрески
соѕвездија
твој домородец е
варварин биди
испади го
биди
на оваа гозба нема
ни мудрости ни шлаканици
ќе се сликаме голи и гладни
додека ги јадеме
животот
и лебот на љубовта
и за твојот и за нивниот
мирен
сон.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)