Цената на извршните дејствија извршителот ја определува според видот, обемот и времетраењето на извршувањето на извршните дејствија и местото на нивното извршување согласно Табела 2 од оваа Тарифа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
8. Извршителот за преземање на извршените дејствија наплаќа награда и надоместок на трошоците според: 1) цена за администрирање; 2) цена на извршните дејствија и 3) награда на извршителот за извршените дејствија (чл. 2, ИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
7. Адвокатот може да го заменува адвокатски стручен соработник со положен правосуден испит, кој има засновано работен однос кај него – само пред суд од прв степен, за спорови чија вредност не надминува 1.000.000 МКД, и тоа со согласност на странката (чл. 86, ст.3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)