Оваа бела, проѕирна грутка, видов во Венеција, се рамни со злато. Се вика елмаз.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ние бевме и дел од оваа бела материја, која во пресудното време на нашето раѓање и растење се влеваше во нас низ невидливиот поток на млекото.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во моментот на планирањето на иднината, во кабинетите на Партијата, козите слегуваат во главниот град: оваа бела пацифистичка инвазија ги вознемирува и шармира духовите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Оваа бела пријатна светлина во која се наоѓам никогаш не би ја напуштил. Толку е мека и пријатна.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
На секретарот на Партијата, кој бара начини да се ослободи од оваа бела наезда, Чанга, портпаролот на козарите, му прогрмува: Ние нема да зачекориме ниту стапка во социјализмот без нашите кози!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ајде, додека гледаме како снегот тихо паѓа, ајде и ние да ја шепотиме оваа бела песничка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Мислеше дека и тука, во оваа бела пустина, еднаш ќе мора да дојде денот, кога ќе престане тој врнеж.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)