Постојат три главни помошници на господинот Сенка; нивните имиња се: Даркер (човекот без лице, иако многумина се сомневаат во тоа дека Даркер воопшто е човек); потоа доаѓа господинот Пајо Ентропија (за неговото настанување исто така кружат разни приказни; една од побизарните е онаа која вели дека Пајо прво е нацртан, а потоа, во специјални студија, „оживеан”??!); последниот (но не на крајот!) помошник на господинот Сенка се вика Дипигус, и за него се смета или дека е клониран (со помош на Франкенштајновиот таен рецепт како да се направи битие од кал, нокти и две капки плунка) или дека временски (Дипигус) потполно се загубил.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)