Тука дедот Ристе се поднасмевна и се опули лево и десно да види как помина оваа негова шега.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нека видат и осетат дека султанот повела овдека, а не некакви Толе Пашовци, војводи и комити. Со тие зборови се збогува Бахтијар и си отиде во Битола да ја проведе зимата, заплашувајќи ги бимбашиите дека ќе ги посети да се убеди дали оваа негова наредба ќе биде исполнета или не, што и го направи баш сред зимата, околу свети Атанас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на коџабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Чудно е што во моментот на комплетирање на оваа теорија ја дофатив токму оваа негова книга која долги години само фаќаше прашина на еден од рафтовите во мојот дом.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
За малку ќе станеше „од играчка-плачка” да не беше оваа негова искреност.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Јас немав ништо против да бидам член на групата „среќни дебили” и тоа ми беше забавно, но имав против татко ми да ми припишува туѓи особини.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога се моли во ќелијата, се моли да престане и проклетството на оваа негова интернација, но и тој грозен сон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Можеби”, си рече, „зашто идејата на пеколот постои секаде освен во јудаизмот”, иако и стварноста, не само апокалиптичниот сон го враќаше на идејата на пеколот. „Можеби пеколот е еден голем карцер во кој се останува до крајот на животот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Еве, и на оваа негова слабост сум спремна да помислам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А токму во слабоста се раѓаат вините.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)