Знаејќи колку е важно во овие мигови да имаш топло подадена рака и раме за солзи Виктор ја гушна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во овие мигови песната сите нив ги враќа дома, на вигната, на лозје, на пресно косена ливада, в градина и бавча, на долга седенка, на шедба...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Душата ми ја ослободуваше од маката на жедта само чистата, свежа, света мисла за Мајка, која и во овие мигови беше сигурно со мене.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Нашите срца забрзано биеја. Во овие мигови на раѓање се плашевме од смртта.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во овие мигови, кога во однесувањето на другарот Чапаев откриваше доверба, Татко помислуваше на дежурниот сон од својата мисија: ако биде избран за судија на овој Суд, ќе може да трага поуспешно по старите кадиски записи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)