Според тоа, просечната месечна бруто плата што ја исплатува работодавачот не може да биде пониска од 50% од овој износ, односно не може да биде пониска од 13.753 денари.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во јуни 2006 година судијата-претседател на совет (Ѓ. Христовски) и судиите- поротници (К. Христова и В. Петровска),5 го усвоија тужбеното барање, при што работодавачот беше задолжен – во рок од осум дена од приемот на писмената пресуда, да ѝ исплати: а) 40.458 МКД (665 ЕУР)на име испратнина, со камата сметано од октомври 2005, па сѐ до денот на конечната исплата; и б) 2.980 МКД (под 50 ЕУР) на име плата за месец октомври 2005, без камата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во текот на овој четиримесечен период, додека парницата беше во тек, работодавачот на Костадиновска „доброволно“ ѝ ги исплати заостанатите седум плати, па затоа ова побарување беше изоставено т.е. повлечено од тужбениот петитум. 275
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тоа значи дека ако трошоците за храна и превоз на волонтерите го надминуваат максимално утврдениот износ од 15% од просечната месечна плата во Републиката, организаторот на волонтерската работа нема обврска да ја исплати разликата над овој износ.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Трошоците во судската постапка – и пред првостепениот и пред второстепениот суд, која траеше безмалку две години, изнесуваа 100.460 МКД (1.645 ЕУР), а работодавачот се стекна со обврската да го надомести и овој износ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Трошоците во судската постапка – која, и пред првостепениот и пред второстепениот суд, траеше околу десет месеци, изнесуваа 42.486 МКД т.е. околу 670 ЕУР (вкупно за сите тројца тужители), а работодавачот се стекна со обврска да го надомести плус и овој износ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конечно, во мај 2010, судскиот совет (во состав: Љ.Нешкоски – претседател и П. Јадровска и А. Настевска – членови), со пресуда која е доставена следниот месец – кога всушност таа стана и извршна, ја одбива жалбата на работодавачот како неоснована и ја потврдува првичната пресуда во корист на Ф.И. (освен во делот за каматата, кадешто повисокиот суд интервенираше по службена должност – бидејќи, во меѓувреме, беа донесени законски измени кај ЗОО со коишто се воведоа новини при утврдувањето на каматните стапки).7
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)