На Рожденката не ѝ откина од острото око овој настан.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Климент Камилски се изненади од овој настан, но сметајќи се апсолутно компетентен, како сорбонски докторанд од областа на воспитанието на детето, не сакаше пред Татко да го покаже своето чудење, но, сепак, со авторитетен глас на сеинформиран научник прокоментира: Јазикот останува најзначајната симболичка фигура на човековиот дух, но и најзагадочната творба на природата за разбирање на луѓето и народите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Фактот дека coniunctio oppositorum се одвива во главата, Јунг го толкува како индикација за психолошката природа на овој настан.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Јунг споменува дека во cucurbita (тиква, латински колоквијален израз за глава кој преживеал и во италијанскиот, каде што zucca, тиква, исто така колоквијално се употребува наместо глава) алхемичарите го набљудувале „алхемиското консумирање на кралскиот брак”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Деветтиот ден по овој настан (дотогаш пак не го гледавме нашиот другар), во градот пристигна гостот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ибраим Ибраим раскажувачот на овој настан од Балканските војни, ако е точно она што ми го рече еден негов подалечен роднина , умрел во Цариград од воспаление на белите дробови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ми се враќа некогашната треска, тешко ми е, најтешко од сѐ да раскажувам за овој настан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Призрачнава земјичка стануваше стојбина на призраци. Толку.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Што се однесува до неговата ќерка моето мислење и пред овој настан беше заокружено.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еднаш, кога се обидував да објаснам како се случи тоа мое кумство, поточно да потсетам на некои поединости од таа ноќ, Катерина се однесуваше како да не знае ништо за овој настан а притоа нејзиниот поглед беше исполнет со непотребната спремност да ме придружува во лагата што божем ја смислувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но, по овој настан, како нешто да се измени во неговиот живот.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Си реков и нејзе со нас кој знае како ѝ е, потоа сакав да го заборавам овој настан.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Овој настан внесуваше неочекувано малку живост во нејзиниот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)