овој (зам.) - свет (имн.)

На крајот од краиштата, дури и да е овој свет, како што се вели, несовршен, сепак треба да сме убедени дека не постои нешто само по себе што на човека може да му ја земе верата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во виенското списание Transit некогашниот славен полски дисидент Адам Михник во текстот со наслов Во сенката на Сократ пишува за националниот идентитет во модерното општество и ова го заклучува за денешната улога на интелектуалецот: „Држењето до вистината и воедно следењето на барањето сѐ околу себе да се анализира и секоја идеја на моќниците на овој свет да се изложи на испит - таквиот став за интелектуалецот значи: го прифаќаш тоа дека ќе станеш објект на навреди; мораш да сметаш со тоа дека луѓето за тебе ќе шират злобни гласини - дека ја презираш сопствената земја и ги предаваш националните вредности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со целото свое држење јас сакав да ѝ покажам на младата наставничка дека има и добри деца на овој свет и дека затоа не треба да се отчајува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Добро ама, бидејќи ништо на овој свет нема тајно, така еден ден и Толета го откри потерата баш кога одеше од дедот Паленѕа кај Митра. Не можеше да се стрпи без неа. : Селото беше сето сардисано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не може тоа да биде! Јас турцка роспиа и посестрима не зимам па угу таа и јас да останиме на овој свет. Не прибирам јас жена крај мене шо била со години бегова роспиа, тоа да го знајте и мајка, и татко, и секој кој сака да знае.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Самоубиството се осудува, но доколку човек реши веќе да не опстојува во овој свет, зар може некој да го спречи тоа?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Зашто во овој свет, ако гледаш и размислуваш, никој не прави нешто што не му треба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се почувствува како дел од универзалниот ритам што пулсираше во овој свет на бавчи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ракијата ме фаќаше полека ама сигурно, оти сонцето биеше ужасно; некој понуди и тревка, и јас, ненавикнат на неа, во еден миг видов светлина; помислив дека таа светлина не е од овој свет, дека тоа ми се јавува Бог; беше тоа светлина виолетова, еднаква во сите свои делови, совршена, постојана, оти не беше една во едно време и инаква во друго време, ниту за едни убава, а за други грда; беше тоа светлина преподобна; помислив дека можеби веќе сум во некој друг живот, дека сум умрел и дека ми е доделено некое ново тело; верував во реинкарнација, и таа помисла ме возбудуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но запомнив дека токму под таа карпа тој цар на тоа силно, сјајно царство земно, поразил некој друг цар и потем заповедал на карпата да се вреже натпис што вечно ќе говори за неговата слава на овој свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кажуваше Филозофот собитија чудесни уште многу, а јас го слушав со уста подзината, со очи ококорени, со душа возљубена по ука; говореше дека таа топлина и самиот веќе може да ја почувствува, иако не толку јасно како слепецот од Кападокија; говореше дека огнот е праизвор на писмото, како што сонцето е извор на денот, исток негов; говореше дека огнот е и утока на писмото, крај негов, оти секое писмо во оган се претвора; книгите горат затоа што во нив има букви, и топлина огромна; оти не можеш да запалиш нешто во што топлина веќе нема, како што е тоа со каменот или водата; затоа што е потешко да запалиш камен одошто дрво и хартија; но и каменот, велеше може да согори ако на него се забележи писмо топло, и доказ за тоа се ѕвездите опашести; говореше дека сѐ на овој свет е писмо, дека целиот свет е книга; говореше чудесни нешта а јас го слушав и толку се занесов што не забележав кога вратата се отвори и влезе отец Стефан Лествичник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Небото, земјата, морето, целиот овој свет е голема и преславна книга Господова во која со молчење ни се открива проповеданиот Бог, оти сѐ што може да се види е сведоштво за невидливото“, рече, и тоа очигледно остави силен впечаток врз логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Спиев со Ина, се парев со неа, ја обожував; по три месеца изведување на точката со скалата, веќе вежбав на трапез и станав третиот во точката на Ина и Светлана; ги прошетав сите европски градови; читав многу и се дружев со вистински луѓе, носев вистинска облека и пиев вистински вина; потем раскинав со Ина и своите потреби ги задоволував со многу жени од надвор; но со Ина останав сврзан со папочна врска и натаму, и вообичаено, спиев во нејзината приколка. Таа ми беше спасител; сѐ на овој свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа и двете нешта ги нацртав така да не личат на ништо од овој свет; логотетот постои на овој, земниот свет, и гласовите од кои се сочинети имињата за она што постои и што видливо е – немаат значење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
МИТРЕ: Еее... тоа е, се рекол зборот. „Нема сѐ токму на овој свет“!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не пристигна свршеникот си мртов да го кити со росен погребен букет, бидејки не тажат во Река момите, па нити го видел тој срам овој свет!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Отсекаде се чуја плачови и пискот силен, и чиниш, овој народ клет тој час го оплакуваше со својот лелек вилен најсвидното на овој свет.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Играта требаше да го исцели Рајнер, но тој остануваше подалеку од другите деца, подалеку од сѐ на овој свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Погледни колку многу убавина околу нас. Тоа значи – колку многу утеха.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас секој ден одев во просторијата во која се подготвуваа костимите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Кои зборови?“ „Дека убавината е утеха на овој свет.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оние другите, кои не посакуваа да бидат нешто друго во овој свет, туку сакаа да бидат она што се во еден поинаков свет, си подготвуваа облека која требаше да ги заштити во овој свет овде – си правеа оклопи, или наметки од жица кои изгледаа како кафези; си подготвуваа костими кои требаше да им помогнат да се изборат со овој свет, и во нив се престоруваа во опасни животни, или во ѕверови од некоја фантазмагорија; си подготвуваа облека која можеше да им овозможи да побегнат од овој свет, па си правеа крилја за да одлетаат, или си кроеја облека што не беше облека, туку ткаенина која обликуваше подвижен ѕид, ковчег, камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Може да се најдат и луѓе што ќе речат оти треба да се мавнат од овој свет лицата со такви мисли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кај крвните врски, кои ни се наметнати по силата на нештата (или по божја волја), немаме многу избор – се раѓаме заради свесната одлука или не толку свесните постапки на нашите родители, без никакво учество од наша страна, и на овој свет носиме единствена, неповторлива комбинација на нивните гени.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Македонци мои, кога ве посетив тогаш повикан од вас, јас бев неук за овој свет, и во душата, и во срцето, и во слабините свои, на сите три места со кои мажот мора да научи да љуби, за вистински да го сфати Божјиот дар на земниот живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во книгата „Јас на овој свет“, Александар Балабанов, бугарскиот интелектуалец и академик роден во Штип, раскажува како Гоце Делчев го спасил од повеќенеделно гладување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ме посоветува да останам на колата, болен сум, тој ќе се грижи за запрегата што ја водев од Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едното око, нешто понабабрено отколку кај жив човек, застрашувачки гледало во пламенот на нивниот факел, устата се доискривувала како пред несфатлива смеа, чиниш пред тоа тој итречки му се доверил некому дека ги измамил противниците со тоа што се исправил во прозорецот кон блесокот на нивните пушки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Простете, рекол тој Васко Тушев. - Ќе појдат душите на мртвите по мене, браќа мои ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако патувал некогаш негде, заборавил. Само со едната нога бил на овој свет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се наведнале да видат кај е удрен и виделе - немал деца на овој свет, не ќе ги има ни на оној. Крмнак, рекле. Мртов нераст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не гледав и не бев сведок на мигот кога Симон Наконтик, сиот како зелен волшебник од мочуриште, си го џвакал брадулето и му раскажувал на долговратиот Лазар Аргиров, чиниш е на овој свет само затоа да ги проубавува грдостите, за судбината: тоа е сѐ, човекот во нејзините раце е орудие - коле и беси без совет и без знаење на својата крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа испив голтка вино од жудливо грозје што го раѓа од песок Македониичкава, ме натера домаќинот да го сторам тоа, го опијанив срцето и појдов во длабочините на животот да ги поздравам оние што не се веќе мртви и да им раскажам како почна највозбудливиот ден на овој свет: ја видов 'рженокоса, пораснав, треската што ме мачеше изгоре од огнот на крвта премногу зовриена за да не знае што се случува во шеснаесеттата година.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според него, тој бил плашлив и недораснат да ги води запрегите и, освен Кукулино, познавал уште само неколку села.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го прашав дали сме далеку од Лесново и веќе не верував дека е на овој свет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и неговата душа се извивала во некаква празнина - тој ќе патува, а кога таа душа ќе отпатува еднаш, ненадејно како и другите души на луѓето од тоа парче на прегазениот Балкан, тој веќе не ќе патува и ќе ги заборави сите патишта на овој свет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја изгубив сметката на времето и се најдов меѓу изгубените од дружината, врел, со развеана коса и со очи обземени од копнеж без сочувство на луѓе што еднаш веќе минувале по светлосната врвица на првата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но што можел да спечали од една воденица пребогатиот бег?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Молитвата на Проказник не ќе ја повторам, не ја слушав и не знам кој копаше нов гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислам дека на овој свет не ќе се најде друга која што би ми го завладеала срцево, како ти што ме го имаш завладеано.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САМА ВО БЕЛО (посветена на момчето што прерано го напушти овој свет) Копнеж за недостижното, но сепак вирее во моето срце...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
“Curced spite”, пеколната досада на овој свет, и неодгатливата тајновитост на животот својот највисок израз го наоѓаат во лудилото и во изигрувањето на лудило. okno.mk 231
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Офелија го смета Хамлета за луд, вели дека “благородниот, возвишен ум сега наликува на напукнато ѕвоно”, а потоа и самата запаѓа во лудило.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Почнаа еден за друг да се точкаат тие матни зимни денови, во кои снежинките продолжуваа постојано да поигруваат пред неговиот прозорец, сменувани од ноќите, чијашто темничина беше како на најдлабокото дно на овој свет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мораше да биде така за него, дојден во овој свет на градовите, и никогаш не можеше ни да помисли тој дека е потребно нешто да се мени.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Драги мои, Томо со крената чаша ја започна својата здравица додека разголената полна месечина го нурна својот зрак во полната чаша пенливо вино, вечерва добив вест која е поскапа и поголема од сето азно на овој свет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Господе дај ми сила да го минам искушението, покажи ми го патот како да стигнам до онаа која физички ме донела на овој свет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да ја пронајдат таа, која ги „испили“ и му ги подари на овој свет?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, Господе, дај ми сила да го минам искушението, покажи ми го патот како да стасам до онаа која ме донела на овој свет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги преслушав сите тажни песни на овој свет, се закопував во жив песок и плачев кога сите се смееја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Готово. Да, готово. Кучињата секако не се за арно на овој свет.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По ѓаволите, момче! А зошто се кучињата на овој свет?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Треба да се чувате од убавините на овој свет. Тие носат само несреќи, баксузи и малери. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Која е мојата должност на овој свет. Дознав.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Близината на нечиј здив. Сѐ што може да се има на овој свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Точно е, ме снемува од нивниот, од овој свет. Меѓутоа, јас не се губам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Еурека! Конечно сфатив, но што сфатив?! Вистината, за тоа каде сум јас на овој свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Досега не се случило некој гавран да си го искрши клунот на камено јајце.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеби ќе го најде. На овој свет има секакви мајстори.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Имам право да истражувам зошто сме дојдени на овој свет, на оваа планета, каква е смислата на нашето раѓање, растење, минување низ најразлични маки и тешкотии, влегување во брак, повторно раѓање на децата кои минуваат низ исто толку маки, учење на разни вештини, желби за осознавање на светот и сѐ со мисла дека утре ќе бидеме среќни, а потоа губење на истите тие способности во староста и на крај умирање, исчезнување.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Договарањата околу соработката на тетка Асја со жените од Прифатниот центар и натаму одеа како и порано, но името на внуката повеќе не сè спомнуваше се до моментот кога од овој свет си замина нејзиниот брат Стерјо.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас го сакав Јани. Го сакам и сега, кога не е на овој свет. Често го сонувам.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
25. ГРЕОТА Е ДА ЛАЖЕШ, СРАМОТА Е ДА СЕ ЛАЖЕШ - таков грешник и бесрамник бидува артистот кога ќе игра ролја на некој гасподин важен кому што на овој свет сѐ му е и јасно и чисто...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Што овој Свет чека да го спаси Краси се само со својте пердуви Не биди фарисеј лесноверен Не гледаш?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Секој ден е... - Знам, докторе, дека секој ден е голем и скапоцен, особено кога треба да се напушти овој свет, но врвејќи го животот во неизвесност - сите денови ми беа како последни...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Отец Арсенија виде дека Стале ќе биде одличен подвижник ако го кандиса да го заборави овој свет и да се посвети на господа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но ете, бадијала им се на овдешните балкони сите шопски и жолти на овој свет кога ја немаат онаа основна карактеристика заради која древниот прачовек го измислил првиот балкон...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Има на вој свет како нас многу!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
4. Скотски е, скотски живот аргатски у темно заѕидан, до скот сме сниско попритиснати на овој свет убав.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
О Време, о Собитие!  Присуството завива ко жеден пес растојанието се стеснува во секавични контракции нема каде да бегаш се спрепнуваш од себеси од другите, од драгите - конечноста е вообичаено обележје на овој свет - сфаќаш, ама не вреди - традицијата не е на преден план за тебе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
О, секое одење по печурки разговор е со демонот на преобразбите Овидиева тема, протејски мерак подотворање на умот најава на оностраниот моќен сурат на стерната, стијата, привидот и тоа најмногу кај оние кои на овој свет се мислат свои на свое.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Правдата е, меѓутоа збор непримерен за овој свет.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Меланхолија  Понекогаш кога ќе се сетам дека сум била љубена онака како што и сама-та сум посакувала во некој друг живот  ме обземаат морници од нелагодност својствена за оние кои не се од овој свет  а би сакале да бидат.  Смртно сама  Објасни си барем себеси за себе.  Несаканата љубов е еуфемизам за оддалечувањето од себе.  Кога себеси си стануваш туѓа како созреано, осознаено дете.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Зголеми го растојанието, пламни од долгото гледање во истиот свет, овој свет од беглиот допир со стварноста - од нејзината развратност, од нејзината понорност од таа скривница во сударот со измисленото од таа родна куќа, тој нерешлив спор меѓу сонот и јавето – побегни толку далеку што да истинеш од желба да се вратиш, оддалечи се толку многу што да немаш кога, што да немаш младост да се вратиш.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Овој свет не ми е достатен за да престанам да сакам љубов моја: само за него ми треба повеќе од еден живот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пресекот е совршен: мерка за крст и за љубов закон на светлината излез од овој свет.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Откаде сега сиот овој свет за еден час. И сѐ оди во една насока. На север.“ Немаше намера со нешто да ги навреди.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
О, навистина, колку смешни нешта имало на овој свет!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- „Ако во овој свет се ви изгледа погрешно, дали сте се обиделе да му дадете вредност на животот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Дали кон се во животот гледате со реален оптимизам?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во овој свет сум само уште еден проклет смртник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тогаш ќе можам мирно да го напуштам овој свет и да кажам дека ја исполнив својата цел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но пак тој стоел, крај сето тоа со гордост на овој свет; над него горе, во сино небо ширеле орли лет...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Сум гледал рујна пролетна зора, сум гледал орел во крилен лет, сум гледал реки, езера, мора, ­ но како тебе прилеган Пирин не видов нигде на овој свет?
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Тие се правдаат дека на судниот ден ќе се најдат под заштитата на истиот Бог, но кој е вистинскиот тие сепак не можат да одредат на овој свет!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- А со што јас ќе го веселам овој свет и како ќе го прославувам раѓањето на секој цвет?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И решив да не му раскажувам. Тогаш решив: не само нему туку никому на овој свет да не му раскажам за моите доживувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)