Само себап да се стори, да не ми страдаат дечињата, кај а намери ѓаволот, в реката да појде и она и он.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
-Претседателот сега беше сосема излезен од она и веќе беше поверувал.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Плачеш еднаш за ова, плачеш после за она и сѐ во плачење ти поминал векот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како што рекол и така направил, се потурчил... На новиот Турчин сите му донесле дарови... кој фес, кој појас, кој ова, кој она и убаво го дарувале.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)