Знаеш, да му прочитам јас една молитва, оти може би да не сака заради онаа работа од татка му со Ристаќија.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А по онаа работа нема каење.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Јас би го однесол писмово кај Иванов, тој би ме помолил да почекам одговор, таму би ме ликвидирале и ти би останал сосем настрана од сево ова и онаа работа со која јас те држам в раце не би имала такво дејство, како кога би загинал од твоја рака?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Клетвата: „Бел ден да не видите“ е добронамерна зашто за „онаа работа“ ноќта е создадена од Бога (така мене ме учеше мајка ми).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Постојано го насочуваа како да мисли за овој или за оној човек, за оваа или за онаа работа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Не обидувај се ништо. А најмалку да ја бараш онаа работа.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)