Бевме во оние години кога зборовите не се раѓаат од празно и не паѓаат во празно, во времето кога зборовите потекуваат од суштината на постоењето и, изговорени, таму се враќаат; бевме во годините на неискуството, кога уште не бевме влегле во смртно-сериозната тривијалност на животот, па можевме наивно да зборуваме за возвишените нешта, оние кои искуството ги отфрла затоа што се бесполезни и неупотребливи како што е неупотребливо парче небо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во оние години кога убивав малигани... Сѐ додека не се нурна во треската, нејасно, скоро не сакајќи, мислеше на малата девојка од паркот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Утринава зготвив телешка чорба,“ рече мајка кога го пречекоривме прагот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се прашувавме што сме сега, но погледнувавме и во она што бевме, затоа што знаевме дека во човечкото суштество постојат сите негови слоеви, и низ неговата сегашност проблеснува сѐ она што некогаш било важно и не станало закржлавен остаток од минатото туку извор на светлина кој го оплеменува ликот; си го раскажувавме минатото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Додека се враќавме со мајка кон нашиот дом, се сетив на оние години од раснењето, кога се имав отуѓено од Зигмунд, и кога од дома излегував само со неа – чекоревме една покрај друга до пазарот, или до продавницата на татко, и нешто во ова наше враќање дома ме потсети на тие наши прошетки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)