Се чека ноќ во овој голем простор нѐ потпира и нѐ подигнува лостот со бело знаме на врвот сред ветерот што ги зафатил прво возбудени од напон мускулите привлечени од оваа игра под течниот пурпур во раствор на шира се движиме пред да нѐ запрат и пред да се растури сѐ.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Од каде ни се сили во тој згустен час да кажеме добро, еве, јас сум јас и колку сум моќен и колку сум беден не зависи толку од оваа делта и од тој нејзин јаз во одскок на целта вечерниот ветер почесто ме лови во своите мрежи и вратот ми се ежи од трепети нови на мене близок глас што ги чули за нежност ушите од сите струни во шумолот на душите ја зедов оваа за најтенка и можеби за спас. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 137
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Преку овој реавторизирачки дијалог, терапевтот ја игра главната улога во соочувањето со било кое рано враќање кон она каноничното, што би можело да укажува дека посебниот излез е само-објаснувачки.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Прашања за доживување на искуството Прашањата за доживување на искуството (White, 1988б) во голема мерка го олеснуваат реавторизирањето на животите и односите, и често тие се попродуктивни од оние прашања коишто бараат од индивидуите подиректно да размислуваат за своите животи. 52 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И ќе ни се види дека просто мора брзо да се сторат сите важни дела од тука па до целта ниедна стапица не е трајна и никоја граница крајна и ниедна делта на која изборот не ни е познат и по кој пат да тргнеме пред да се отворат и пред да нѐ стеснат оние прашања во намера чесна кога сме на проба за некој можен престап.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)