оние (зам.) - за (предл.)

И набргу, почнав да произведувам текстови со широк дијапазон, од оние за политички дневници до оние за „женски“ магазини.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
— Кои пријатели, прашувам. — Оние за кои ми зборувавте, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Галериите кои се наменети за постојани колекции и оние за периодични поставки, се сместени во одвоени кубусни простории; секоја со свој атриум.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Патот за Лесново, го знаеш ли? прашала игуменијата, и веќе не можела да го стивне во себе преданието за овоземниот призрак, речиси му се предала неподвижна, сѐ уште исцибрена но без воздишка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кажи, го знаеш ли тој пат? ... Во стапиците на оние од Кукулино паѓале лисици, бил фатен и стар, од муцка до опаш побелен волк, еден од оние за кои се говорело дека препливуваат некоја голема река и се доселуваат некаде од Влашко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, воведени се некои дополнувања во овој сегмент, како што се оние за времетраењето на стажот: имено, приправничкиот стаж може сразмерно да се продолжи, ако приправникот работи пократко од полното работно време, но најмногу за шест месеци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ама, затоа што имаат само вообразена ученост, тие треба да се служат со овој излишен надворешен изглед – што [само] ѝ годи на вообразбата на оние за коишто работат, и преку тоа тие [сакаат да] ја привлекуваат почитта.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
7 И за крај на оваа искрена, добронамерна и етичка критика на плиткоста, возгордеаноста без покритие и карактерната расипаност на судиите, би го навеле брилијантниот пасус на Б.Паскал, 7.  An Historical Introduction to Western Constitutional Law – 1995, во превод на македонски како: Историски вовед во Западното уставно право; Табернакул; Скопје, 2010; стр. 93 и 95.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
309 една од најзабележителните интелектуални фигури на рационализмот од XVII век, од неговиот постхумно објавен ракопис на едно недовршено дело – кадешто тој, говорејќи за судиите и за адвокатите токму во делот посветен на човековата вообразба, вели: ...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)