А оној старец како да беше сиот останат тука. Змејко сето тоа време се мачеше да не ја изрече докрај таа мисла, но мислата ниеднаш не го остави: Тие веќе ниеднаш нема да можат да дојдат заедно тука.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А Змејко го изнаоѓаше неговиот лик во секое катче, во секоја шега, сеќавајќи се просто како натопен во него, сигурно затоа што и целата таа зградичка беше натопена од здивот на оној старец Дука.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оној млад човек кој и додека чекори се чеша од стапалата до главата и назад ќе стигне до бедемите на друг град, и ќе посака таму да влезе, но ќе го убие еден витез, кој неколку дена пред тоа ја освоил својата сакана на витешки натпревар и ѝ испеал песна, со рими искажувајќи ја својата љубов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оној старец што свирка како врапче ќе го растргне волк.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Беше едно едвај забележливо вртење со главата во оној старец до него, Змејко дури тогаш се загледа во неговото лице.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Крај него стоеше оној старец што денес му ја подари чудната моќ.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)