Ова беше, значи, наше второ видување, иако за време на студиите, не знаејќи еден за друг, учевме на ист факултет, само со година разлика.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Додуша, немам ни вака, ама сетики низ торбата расфрлани десетки и стотки, испревртена и стуткана понекоја илјадарка, низ документите, во џебот за мобилен и оној за клуч... значи сегде, само не во паричник.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Л.А. го испраќа на аеродромот. Летот е пладневен (12,05), меѓу оној за Франкфурт (11,50) и оној за Краков (12,15).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)