се (зам.) - задави (гл.)

- Грегор, Грегор ... добро ли си? Го потапка по грбот неговиот пријател Мел, исплашен дека ќе се задави.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Вака не ми е лезет чикнфрајд пиле зашто можам да згрешам некоја коска да фрлам во јардот и смокот да ми се задави и на самото место дед мртов да остане...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Но тие модринки по неговиот врат, па тој само што не се задавил самиот себеси.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Јас само што не се задавив и ја исплукнав супата од уста, ама од некој обѕир се воздржав од смеење.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
БОРИС: Сѐ? (Пауза) Да се задави човек? (Пауза) Ништо ти не знаеш. Ништо не смее да се проба.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Едно време Витомир толку многу зина што сето јајце му се загуби во устата. За малку одново да се задави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се закашла. - Да не се задави? - трепереше од страв Бојан. Никогаш не се чувствувал така.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Господине, се јавуваме од Градска болница. Жал ни е што ќе мора да Ве известиме... Вашата цимерка... мртва е... несреќа... несреќен случај... наполитанка... се засркнала... се задавила... примете сочувство...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)