се (зам.) - интересира (гл.)

Тие, преку интервенции и прашања до својот синдикат, сѐ почесто се интересираа да добијат било какви информации за новонастанатите проблеми во работењето, особено во тој кризен [воен] период.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работната атмосфера во фирмата, особено по промената на раководниот кадар, стана доста напната и непријатна – се доцнеше со платите, не се работеше со ентузијазам и вработените беа почесто со лошо расположение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој ми одговори дека, за жал, не може многу да ми каже за она за што се интересирам, освен дека располага со една многу кратка дописка објавена во „Цариградски весник“ од 12 март 1861, во која меѓу донаторите за читалиштето во Ресна стои и името на Никола Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Го гледам ова тумбево земја“, му велам. „Очигледно, стар гроб. Знаеш ли чиј е?“ Тој крена рамена. „Не сум се интересирал“, вели.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Портирот не праша од каде сте, не се интересира за пасошот, важно е прво да ве смести во хотелската соба, да ви ги покаже леглата: чистиот чаршав, јорган и перница, да наплати кога ќе си одите и дури да ве почести со едно убаво турско кафе за „алашверишот“ Хотелите во Истанбул се и скапи и евтини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите се интересираа како живее таму народот, што прават Турците, беговите, па и чорбаџиите христијани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еве, сѐ повеќе луѓе се интересирале за неговото сликање, а тој не отвора изложби секој ден; доаѓаат луѓе и од странство, бизнисмени, мецени, имбецили, можеби некој ќе се заинтересира и за него, ќе посака да му наѕре во ателјето што слика, може нешто и да купи, тие се парајлии, што е за нив некоја илјада долари или марки?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Дали тоа тначи дека ќе престанеш да се интересираш за мене? - додаде таа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така, размислата на академик Божин Павловски дали треба да се побрза со преведувањето на делата на Стојан Христов на македонски јазик, академик Блаже Конески, меѓу другото, му посочил на овој наш денешен деец исто така Македонец од Македонија и Македонец од македонската дијаспора: Кога се интересирав дали треба да се побрза со приопштувањето на македонските автори кои создале дела на други јазици, тој (Блаже Конески) ме охрабри со тврдењето дека се работи за творештво кое природно ќе си легне во нашите традиции.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со такви гајдаџии и опиноци не се оди во номадизам; светот не се интересира за нив освен како за последни примероци на руралното.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се интересира за човечката сексуалност на посебен начин, на ист начин како што се интересира за водената енергија или за електрицитетот... Тоа е форма на енергија, тоа е форма на човечка енергија и активност која интригира. Големото стакло јасно се занимава со тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не престанав да сликам. Секоја слика мора да постои во главата пред да се стави на платно и секогаш нешто се губи кога е преобразена во слика. Повеќе сакам да ги видам моите слики без таа кал.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- А татко ти? се интересиравме. - Ене го, лежи пијан на широчината и пее како Скопје негово да е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Секој знае и се интересира за српството разместено во разни земји.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие се интересираат сите главно за културно-историските науки и ги изучуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најпрвин треба да се каже оти по македонското прашање нема никаква разлика помеѓу погледите на руското општество и народот, од една страна, и владата, од друга, а има само разлика во степенот на интересот за него: општеството и народот многу помалку се интересираат од владата што се гледа од помоштите за Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонците фатија усилено да се интересираат за прашањето на нивната народност и нивната судбина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
71. Ако се споредат тие со помоштите за Бурите /Трансвалците/, тогаш ќе се добие голема разлика, зашто за борбата на Бурите се интересираа многу повеќе од нашата борба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако на крајот на краиштата лично повеќе се интересирам за литературата или за уметноста отколку за науката, тоа е, како што реков, без сомневање поради недостатокот на компетенција, поради сопствената неспособност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Холанд, на пример, се интересира за начинот на кој една група на независни компании успеваат, на некој начин, да дотураат храна за седум милиони луѓе во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ѓорѓе се интересираше кога планира да се врати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како се, мајка ти и татко ти? Кажи ми сѐ што има ново? - се интересираше Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Божем војската дојде за да врши маневри, а всушност го реквинираше житото, а офицерите се интересираа за сѐ што се случуваше тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А никој не се интересира како му е на еден млад човек кој мора да го капе кучето на својата станодавка, да го чешла со часови, да го носи на лекарски преглед, само за да не биде исфрлен на улица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Освен таму каде што засегаше во нејзиниот живот, таа не се интересираше за партиската доктрина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Мене не ме интересира идната генерација. Јас се интересирам за нас.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На почетокот Лилица негодуваше на моите постапки, се интересираше за работата што требаше да ја завршам ноќта, а потоа спласна, оладе, стана рамнодушна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тие беа љубезни, го канеа Петрета де ваму, де таму, како да е богато облечен јунак, разговараа со него, се интересираа за панаѓурот со дикат, и сето тоа изгледаше како сон, таа почит и таа мекота во однесувањето и во движењата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А инвеститорите сепак не се некои нови месии кои се интересираат за благосостојбата на некои далечни народи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Крај еден од тие мои гоблени што беа изложени во галеријата на еден колекционер, најмногу застануваа луѓето, најмногу се интересираа, најмногу го разгледуваа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Танаскоица како да не сфати што направи, после се интересираше да не е болна од нешто штом така блуе, па ја подучуваше да се варди, да се облекува топло оти ова мокро и магливо време е многу лошо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зошто јас морам да се интересирам за озборувањата на две стари жени.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ти самата виде дека денес сите доаѓаа, се интересираа, ме советуваа...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Заради маѓијата, уште од раѓањето, Анко го облекуваа во женски алишта, му ја пуштаа косата да му расте долга, му плетеа плетенки, се дружеше и играше со женски деца, и како што растеше - добиваше женски манири, се однесуваше како женско, дури и гласот му стана тенок, женски; се интересираше за плетење, везење, за шиење.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И шибна лага: „Не знам. не се интересирам за неа.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во тоа време, московските интелектуалци страсно се интересираа за зен- будизмот, го читаа и препрочитуваа Карлос Кастанеда.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојсовото искуство, а посебно неговата “магична состојка”, имаа големо влијание врз дејностите на групата Колективни Акции како и врз перформансите на Андре Монастирски кој исто така често ја употребуваше маста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истовремено, оставаше впечаток и неговата чудесна креативна енергија; таа не само што го овозможи изразот на целосна слобода, туку и ја оствари оваа витална неопходност, реализирајќи ја низ конкретни и вистински креативни акти.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Многу е скап. Ја раниме во задниот двор, таму може да седи колку што сака, - рече тетин ми и накратко ме погледна со жмиркавите очи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- И наш Никола се интересира за економија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како студент по француска литература многу се интересирав за француските октомвриски ден јас имав „блиска средба” со нив.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- А, како го измисли тоа необично име Дуња-Ѓузел? - се интересирав јас, по малку разочаран од тоа што приказната е сосем измислена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Посматрајќи го, не се интересираше за поединостите на неговото лице туку сакаше да го добие и изразот општиот впечаток што неговиот лик го имаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Истото што го правеше и авторот. Разликата беше во тоа што авторот малку се интересираше за поединците како такви туку со оглед на тоа што од кого би можел да извлече нешто за својата прикаска.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И, како што благовремено се досети, најважно му беше истоименикот Едо да не дознае дека некој се интересира за него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дури гемиџиите и да не сакале, или да немале потреба од контакти со ЦК, самиот ЦК не можел да биде индиферентен и да не се интересира за сѐ што се случувало на револуционерното поле во градот, па и во цела Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таа внимателно ме слушаше, ме потпрашуваше одвреме-навреме по нешто, се интересираше за некои – мене ми се чинеа неважни детали.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа многу се интересираше за тие нешта кога беше во Индија и изрази голема желба да го запознае татко ми, кој живее во Кашмир, за да чуе од него како тој размислува на таа тема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На пример, дали некогаш ние двете сме разговарале за времето и просторот и за различните начини на нивно сфаќање во различните цивилизации; дали некаде сум читала за телепатијата, или таа ми го објаснувала тој феномен; ми го опишала ли таа мене Игбал како изгледа и како се однесува, или јас самата таков сум си го замислила...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Иако знам дека од пред половина година мојата Миру, моето мало Огледалце е можеби птица, можеби цвет, а можеби дури и ѕвезда, многу сум тажен што не е со мене и многу ми недостига.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)