Така ни го исполнуваа денот, а ноќе сонувавме јуриши. Така се крпеше нашата судбина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ветво алиште не се крпи. - Не давај се, Јоне, не предавај се, го молам, и се крстам над главата негова, над иконата негова.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Ете, прашајте а вие, ако неќе мене да ми каже, нека ви каже вам, вие сте стари луѓе, свои луѓе, ајде боже поможи, ако е к'смет да се крпиме.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)