се (зам.) - може (гл.)

Ама тоа ти е, тури му пепел. Лангзам, олабави се и ти малку, додека се може! Инаку, имам стан, празен, не е далеку!...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зеде поза, колку што се може, на спокоен човек што има време за другиот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И, бидејќи не се може да се контролираат работите до мерка која се чини задоволувачка, се утешуваш дека можеби токму низ непредвидливото и низ недофатливото, се раѓаат богатите и сложени склопови кои најпосле и самиот тебе ќе те задоволат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако не се може поинаку, вели, ако е преголема ихтиза, човекот ќе бара некого од спротивниот табор со кого има горе-долу муабет, и ќе го моли тој да оди во дуќанот да му купи, но овој самиот никако не оди.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тука, на оваа земја, не само наши иселени од Маказар, туку и други, посебно од Егејцко, бидејќи е блиску границата, да си градат куќи, вили, и кога како ќе се може, ако се пушти демократијата во Грцко, да одат во посета на своите огништа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нејзе ѝ остана впечатокот дека касиерката не многу љубезно ги погледа и сега ѝ се чини дека треба да брзаат што се може повеќе, па затоа веднаш да го видат главното што ги довело овде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Марко на предното седиште, до возачот - а тоа ќе сум јас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Другите, молам, на задното седиште!“ нѐ покануваше широко размавтан со рацете.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одненадеж се случи она најстрашното: тој ме беше налегнал и ме беше сковал распнат, го гледав озлобеното лице над мене, сторив напор да се поткренам, ама не се можеше, миговно се свртев влево и го закасав во десната рака.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ми стана криво дека толку се прави важен, но ништо не реков, зашто и му се може: автото е голема работа. Не може секој да го има.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Веќе се дени, а јас неброено пати од постелата до прозорецот, и одново до постелата и одново до прозорецот, сѐ дури сам себеси не се фатиш за гуша и не се обзираш што крикнуваш: твојот крик како секавица ја преполовува ноќта и ти којзнае по кој пат осознаваш дека без себеси не се може.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
— Што е тоа несогласни, море, туку кажувај да слушнеме и сите да поразмислиме — одговори еден за сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одамна го имам намислено ова, ама сам, без вас сите, не се може.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И си одам уште вечерва, си одам уште веднаш само да побегнам колку што се може побрзо и подалеку... - се истурија како порој зборовите на една незадоволна младост, расната сред кипнатиот живот на големиот град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дури и подоцна по сите оние сознанија со кои се имаше здобиено од животот таа се трудеше самата себе си да се увери дека се можело да тргне и по други патишта, но и тоа што се случило имало свое оправдување а и свои вредности, па нема потреба да се оцрнува и да се трупа кај грдите спомени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но поголемиот број Македонци остануваа во Србија и бараа пат како ќе се може да се работи во полза на Македонија без да се влегува во отворен конфликт со Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во почетокот на нивната пропаганда Србите и не мислеа да ги прават Македонците Срби; тие сакаа просто да создадат во Македонија редум со бугарските и српски интереси, така што во времето на решавањето на македонското прашање да добијат колку што се може поголем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На мажите повеќе им лежеа глаголите, и тоа неповратните, нерефлексивните - со исклучок на „ми се може“, кој и онака тешко може да се вклопи во стандардните речници.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тлееше во него, чмаеше, некоја собраност да молчи, да не се прават непотребни движења, - та сите движења се сега толку непотребни, та толку е непотребно сега сѐ, - да се помине колку што се може со помалку покажување на себеси, а од тоа дури и здивот му стануваше притивнат и слаб.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа не можеше да не го сеќава и она старче, па затоа секогаш гледаше да биде колку се може подалеку од него, од Змејка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Волкот под нивниот прозорец ја голташе нивната близина, тој беше дојден колку што се можеше поблиску по нивната миризба, сега, веднаш до ѕидот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа и задоволни, онака како што се може да се биде задоволен по некоја ужасна смрт, на која ѝ претходела уште поужасна болест, од тоа што веќе нема да го гледаат Големиот Ристана како го влече својот плач по нивните темели со раскрвавените палци на нозете.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чесните го преѕираат, но затоа пак крадците, убијците и манафите го сакаат како секое зло, без кое не се може.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Треба да го стори тоа што се може побргу.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Што се може овде - таков го сакаше синот повеќе ..
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се фати до него не пуштајќи ја Јага, која го влечеше попот а тој пак најде девојки, сестрите на Геле, има мавна со рака, ги повика - и наеднаш се развиори врескав и трепетлив и шарен ред луѓе и жени, веќе не се можеше поинаку: дури и најстарите почувствуваа дека им потскокува срцето во обрачите на ребрата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сосем независно од потиснувањето на несомнено еретичките зборови, намалувањето на речникот се сметаше како цел сама за себе и ниту на еден збор, без кој се можеше, не му беше дозволено да преживее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас се симнав долу до водата и гледајќи во синото, ја осетив онаа стара и позната потреба да запливам, да одам кон ширта колку што се може подалеку.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го извлеков чунот колку што се можеше повеќе кон сувото и ги наредив работите на Лена, нешто на клунот напред, нешто под мене. Немаше многу пљачка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Бабата Петра не го чепнува својот чипчак, гледа внучињата да поткаснат колку што се може повеќе, нека стое, ако не им стигне и него ќе им го претури.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
ЃОРШЕ: (Однадвор). Се може ли?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТРИКО КОЉО: (Од вратата). Се може ли? Ааа?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Слепите го пофаќаа со рака за рокчето и му велеа: - Со рокче се може, синко, но без виделина не се може. Во мрак е најтешко да живееш...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Редно е, ако се може, ние живите и од таа вечност малку да штрбнеме.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ама толку го исплашил, што ги почекувал луѓето колку што се може и никогаш на никого рака не кревал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ама за жал не се може без стравот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Му се може - осмоодделенец и претседател ни е.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
СУЛТАНА: Не колку се може туку колку треба. Ако си тргнал треба да стасаш. ЕВТО: Со него не стасувам никаде.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОЖО: Духовито. ЈАКОВ: Колку се може. БОЖО: Сме се сретнале порано?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се може и без тоа. Ако човекот сака некаде да стигне, ќе праша.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОГДАН: (тој досега земаше колку се може поважна поза накај Милка). E, девојко, шта велиш сак?
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Но не се можеше назад.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не се можеше повеќе, не се траеше за јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакаш сѐ наеднаш да заборавиш, ама не се може.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го тргам, го кревам, не се може.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да се може и него ќе го кренеме, над облаци ќе го изнесеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се може повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)