И оди тој И сега чекорот негов ги гази трњето патот на сонцето што го замрачува Пат од бигорот на осамата до осамата на зборот светот што го мисли и плоди И тие што чекаат среде гороцвеќе и птици Гласот му го препознаваат веќе што огрева во песната на неменливата радост Чекори и не се обѕира тој Сам да се биде и пак со сите истата ѕвезда на надежта што ги води По зорницата тој оди во несоницата на песната што наближува
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
На пешакот изгледа не му се брзаше, та последниот коњаник често се обѕираше и викаше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Големите, намуртени, испотени глави на нашите балкански пливачи ѕиркаат од водата и не се обѕираат на непримерната сценографија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Веќе се дени, а јас неброено пати од постелата до прозорецот, и одново до постелата и одново до прозорецот, сѐ дури сам себеси не се фатиш за гуша и не се обзираш што крикнуваш: твојот крик како секавица ја преполовува ноќта и ти којзнае по кој пат осознаваш дека без себеси не се може.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Кога го видоа Србина како се обѕира, се издолжија во лицата и не видоа кога Шишман го спуштил камчето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Од друга страна, нискиот данок на дроги не би ја обесхрабрил потрошувачката, посебно не на оние дроги кои, како крекот, создаваат зависност која не се обзира на цена, живот, излагање на опасност или достоинство.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Меѓутоа, како што истакнуваат многу критичари, воведувањето данок кој би бил доволно висок да ја обесхрабри потрошувачката, не само што не би ја постигнало целта, туку би го поттикнало црниот пазар на евтини дроги, а со тоа и во недоглед би ги продолжило токму оние општествени проблеми кои легализацијата се обидува да ги укине.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тие се сега една мала толпа која, како секоја толпа, си има свои правила на однесување и не се обѕира на она што е вистина, или што не е вистина.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се обѕира и го чита потеклото и намената на преметите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Само што овој втор ноќен гостин одеше спокојно, како да не му е првпат да поминува од тука и не се обзираше плашливо на секој шум.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
На сите нив, од друга страна не им беа доволни зафати, зафатите врзани за подобрувањето на политичкиот статус на еврејската заедница, ниту неговата прва, а така благородна иницијатива, за обезбедување домови за сиромашните членови на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа димензија кај него, впрочем и кај нив, предизвикуваше взаемни симпатии. Но, опиен од уживањето во првата, се чинеше апсолутна слобода, Цви не се обѕираше на тоа дека почна ја губи поддршката во својата нова заедница.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кадијата горе на својата висока положба, гордо седеше на својот ат и одвреме-навреме се обѕираше назад да види колку е оддалечен од своите сопатници.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ако не можеш да слушнеш, се обѕираш да видиш - што е тоа?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А Тате стоеше беспомошно, се обѕираше долж собата како да бара одговор, но никогаш не го наоѓаше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Јас одам крај нив, им мавтам со рака, а тие само одат и не се обѕираат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)