Тестото, кога ќе биде готово, се собира во платеноно цедило и кога ќе проврие водата, се спушта во котелот, но така што да не го допира дното, односно со конопен конец се врзува за рачката на котелот или за камушките и се остава цела ноќ да врие.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Па дури да се простат со посестримките. Не му се оставаат аловите прегачи и чорапи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На дванаесетата страница следуваше практичниот запис За варење самварен сапун...се зема 10 килограми чист лој се клава во казанчето а после се зема 2 литри и ½ вода и се растворва во водата 1 и ¼ камена зода и се турва од таја размлачена вода во растопениот лој и тоа се кува еден сат после еден сат се турва уште 5 кгр и цела вода се остава да вари 2 сати а сетне се фрљае 2 – 3 грсти сол...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Многу асални, здрави се исфрлени надвор, многу зарибани, зарѓани се оставаат да шетаат по средишната линија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Не, бре, не се оставам улогава за потсмев и претерување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Куќата никогаш не се остава празна, ѝ рече.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Најтешка беше умирачката. Мртовецот се вадеше надвор извиткан во ќебе, зашто ни сандак можеше да му се направи, ниту на гробишта да се однесе, туку само му се правеше дупка во снегот во дворот и се оставаше тука за да не се смрди в куќи и да не се плашат децата; се забодуваше крај него висок стап со крст на врвот за да му се обележи местото: да се знае каде е ставен во снегот и да се најде кога ќе запре снегот за да се однесе на гробишта и да се закопа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Полека да крка на спуза сѐ додека не се подигне кајмакот и кога просторијата ќе се наполни со мирис, тогаш се тргнува настрана, малку се остава да одмори од вриењето и полека се сипе во филџанот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Евидентно е дека се остава една законска резерва што, во праксата, остава широка можност за злоупотреба, преку класична уцена од страна на помоќната страна (работодавачот), врз фактички послабата страна (работникот) – првиот да бара вториов „доброволно“ да се откаже од своето законско право да не работи прекувремено.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но Мајка, откако ќе дојдеше на извесно време кај некого од нас, неочекувано, по неколку дена, категорично ќе побараше, ќе најдеше семожни причини, да си оди, под изговор и дека Татковата куќа не се остава долго време сама, куќата на нејзината осаменост.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во делумна пресуда или во меѓупресуда судот може да изрече дека одлуката за трошоците се остава за подоцнежната пресуда (чл. 159, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
До правосилноста на меѓупресудата судот ќе застане со расправањето за износот на тужбеното барање (чл. 316, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пусти живот не се предава лесно, не се остава.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)