И колку почесто се разменуваат предметите, толку вљубените се повеќе се вардат еден од друг, сѐ повеќе се срамат дури и да се погледаат при изненадна средба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На ручекот што го приреди игуменот, се разменуваше по некој збор меѓу полковниците и пратеникот, колку да не се молчи, но сосем за споредни, небитни работи: пратеникот ќе ги прашаше како се чувствуваат овде, како им се допаѓа овој крај, тие го искажуваа своето задоволство, восхитување; го пофалија кметот за пречекот што им го направи и убавите денови што ги поминаа во селото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Настана долга тишина. Мислите се разменуваа без зборови.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таму, во нашата куќа крај Езерото, големата куќа на целото семејство која беше близу пазарот, си имавме сѐ што ни требаше за да издржиме живи и здрави, повеќе денови, додека траеше бомбардирањето и додека се разменуваа војските.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но човеков нема ништо со овие „јаничари“ чиј татко пишува за нивната историја, но синот- наратор до крајот си останува на своето („А што се однесува до мене, јас одненадеж ја почувствував потребата во оваа проклета балканска крчма да одам докрај во разговорот, небаре најден во ринг во кој се разменуваат идеи како смртоносни удари.“).
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)