Цел на ова е споредување на импулсната преференција пред и по гледањето на спотовите, како и оценување на тестираниот производ во однос на најсилните конкурентски робни марки.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Останатите спотови служат како кулиса.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се разбира, повторно се регистрира дали испитаникот го одгледал или го прескокнал ТВ спотот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Меѓу критериумите за избор важна улога играше заобленоста и тврдоста на газот (стручњак со потесна специјалност ги удираше жените по газот и со внимание ја следеше реакцијата, оти требаше да се регистрира секој детал: тресењето на газот нагоре и надолу, на левата и на десната страна, интензитетот на тресењето на едната и на другата половина од газот, пропорцијата меѓу нив, степенот на нивната споеност и слично на тоа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се проценуваше поставеноста и формата на вратот, грбот, рамениците, со посебен увид на косата, очите и усните.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тоа не му го кажав на загрижениот директор на центарот за култура затоа, пак, тој ме извести дека пред некој ден, во еден, исто така, мал град се откажала театарската претстава поради тоа што во салата немало никој, ама баш никој што би можел да се регистрира како театарски консумент, просто речено, како публика.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Имено, генијалниот режисер за да си ја заврши работата, морал да се регистрира во емигрантското биро.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А кога ѝ даде на Маре точкици за текстил, таа беше во облаци па веднаш се согласи да се регистрира со него во новиот фустан.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Која година е тоа? 1939 или 43? Овулациите на расположението
се регистрираат на графикон.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)