Во тренд се новите медиуми, новите технологии, новите и побрзи методи на пренос на информации, демократизација на технолошкиот раскош, диверсификација на пристапите кон дигиталните мрежи, стандардизација на форматот на податоците, умножување на умрежените односи - во тренд е тие предности да го помагаат спроведувањето на новата ера обележана со поголема приватна слобода, зголемена интерперсонална комуникација, ублажен товар да се репрезентира, нови перспективи за проблемот на телото, како и поголем избор за потрошувачкото општество, можности за слободно изразување без исклучоци, а над сè, тие ни овозможуваат брзина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)