Ти си се трудел да ги бележиш настаните што се покажале како важни, дури и клучни за животот на твоето семејство (најчесто него го атрибуираш како емигрантско и балканско), но и да ги профилираш неоспорните протагонисти на тие настани: Твоите родители есенцијални, морални, егзистенцијални и (оттука) творечки, естетички вертикали на твојот свет. Не само литературен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тие настани најчесто се селектираат така што преку нив треба да се бележи севкупната судбина на едно семејство, што служи како пример за начин на живеење во рамките на животот на еден цел народ (Solar, 2006: 262).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И да не бевте формални емигранти избегани од својот роден дом (епскиот македонски збор вели: откорнатици!), сигурна сум дека моралниот кодекс на Твојот Татко и на Твојота Мајка врз целото ваше семејство ќе се пренесуваше на сосема ист начин и ќе си функционираше сосема идентично, создавајќи ви стандарди што безусловно ги определуваат сите ваши постапки и што е поважно! обврзувајќи ве тие стандарди да ги пренесувате на своите деца и внуци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)