се (зам.) - сонува (гл.)

Велаат оти забит, да гледаш на сон, тоа некај светиа ти се сонуа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— А што е убаво кај мене, вели, ако спиеш на трошки леб, неубаво се сонува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сонуваше како еден од тие волци, скиташе по снежната шума и се задржуваше на секоја повисока тумба, ја исправаше главата кон ѕвездите и завиваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никогаш не сакаше ловот да му биде таков, каков што можат да го сторат најсреќните околности, бидејќи многу ретко се случуваше тој да наиде токму онака, како што се сонува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега беше застанат над таа длабоко вкопана бразда и знаеше дека тука поминал еден од оние сами диви вепрови, еден таков самјак, каков што може само да се сонува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Всушност тоа секогаш беше само едно од тие дрвја, кое ќе стореше само едно движење, едно такво движење како кога се сонува тежок долг и морничав сон, и секогаш тоа беше само една ветка, што се исправаше нагоре како празна дланка во несвесно замавнување што оттурнува нешто од пред своето лице, додека под неа се ронеше истресениот окит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Бегај, малечок предавнику, не бутај ме во грев.“ Се свртев и појдов со морници под тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислев дека она што треба во мене да е страв станува дива болка од која ќе можам да се избавам далеку од ова чудно земјиште со многу жили во себе, негде на некое бачило запаметено од детството или од прикаските на тоа детство: во несоблазнет дом на недоразвиени јагненца до чии меки слабини топло се дише, бескрајно се сонува цутењето на праските и јаболкниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според Хенли, вистинската побуда за преминување од кралица во буч едноставно била желбата да се „легне нешто“, која со геј-мажественоста станала поостварлива отколку што дотогаш можело и да се сонува.62
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само со чисти сонови во чиста Европа Макар што Европа се римува со тропа А некои дури велат дека Европа Им личела на старски дом на историјата И во неа имало пржен воздух преку сите мерки А накај НАТО се одело во јато Освен ако некоја гуска не се загуби по пат Кога се сонувало за Европа и НАТО Не се штедело боја за крвната слика на нацијата Колку подобра крвна слика Толку посилна одбранбена способност
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И повеќе не се прашувате зошто стварноста не е доволна за да се сонува и што е тоа кое не е јаве а постои!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)