Големиот бран си побара заклон во песокта на времето а на ресторанската тераса доцна се сфаќа една од многу пиво се добиваат изгореници.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
До Хегел развитокот се сфаќаше само како просто квалитативно или квантитативно растење или смалување, движењето како просторно преместуваше под влијание на надворешна „сила“, човечкиот ум како механичка копија и како механичко дејство или на „материјата“ или на идеите, “a priori” секоја ствар, секоја категорија само тоа што е, само рамна себеси и ништо повеќе.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Со појавата и со развитокот на Ајнштајновата теорија, започнаа да се појавуваат мерни инструменти за времето со најразлична форма - времето престана да се сфаќа како појава со кружен облик, што и се одрази во дизајнот на часовниците.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
А кога оргазмот е невозможен, тоа значи дека постои органско пореметување (со васкуларно, нервно или ендокрино потекло) што не е предмет на психоаналитичкото истражување, (но може да биде предмет на психосоматско истражување), или тоа значи дека оргазмот заради психички причини е невозможен без соматска подлога, и тогаш психичката сексуалност се сфаќа како пречка за организмичкото празнење.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Затоа не се сфаќаше ни себеси ни тоа месо што го параше со пет ленгера и се пулеше со полумртви очи настојувајќи: „Не те пуштам.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Па не мора толку длабоко да се навлегува и сѐ да се сфаќа сериозно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Во САД, зборот метафизика не се сфаќа во вообичаената смисла, како во Европа, како дисциплина во сенка на науката.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Овие симболи треба да се сфаќаат фигуративно, треба секогаш да се толкува нивното скриено значење ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Себе си - нашето „Јас“ - сега, заради густината на записот, се сфаќаме како таков „дигитален запис“, како некое остварување на можноста.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Врските помеѓу транснационалната лезбејска и машка геј- култура, од една страна, и домашните културни практики во разните делови од светот, од друга страна, дури сега почнале да се опишуваат и да се сфаќаат.20
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Корисно е секоја дадена локална култура да се опише како посебен сплет од жанрови“, пишува Рос Чејмберс, „при што жанрот се сфаќа како конвенционален хабитус што повлекува разбирања и согласности во кои не мора конкретно да се преговара за ‘видовите’ на општествена интеракција кои се возможни под закрила на таа култура...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)