се (зам.) - таложи (гл.)

И додека спелеолозите се мачат на македонските пештери, во кои природно се таложеле, капка по капка, минералите, формирајќи неверојатни фигури, под земјата македонска,откривајќи ги природните галерии на светот, јас ви ја откривам спутилноста на македонската душа, сместена во нашите дамари, овде горе над површината!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Скомињавиот воздух во собата, стврдат од испреплеткани мириси, се таложеше. Притискаше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Си ја бараше и онаа црна точка во која се таложеа составките на боите, кои водени од необјаснива сила и по таен пат, се разлеваа по платното, пресоздавајќи го светот во нов свет и животот во нов живот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како што одминуваше времето, така душите им се стоплуваа, а со тоа и чудни настани им извираа низ устите обликувани во низи зборови што се таложеа во мене молчаливиот, стутканиот меѓу колената на татка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И пак тишина, тишина, тишина се таложи околу него, врз него, во него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Спиралниот звук на сирената продираше во ушните школки, копаше, начнуваше сѐ на својот пат, се таложеше во луѓето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред него и по него, коњицата на султанската гарда од јаничари ја корнеше белата калдрма на Скопје и го креваше правот што овде се таложел со векови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Над Водно се таложеше сив облак, голема црна мачка што полека лази кон улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И преку ден врз него се таложела смолесто леплива темница од која си се заборавало - кој си, што си, кон што патуваш меѓу тромави двоколки, не грбав туку повеќе подгрбавен и од грбле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле не можел ли друг да му пушти крв на старчето, не можел ли друг да докажува дека од грст пепел на оној што е апнат од змија не се окотува змија со капка отров во коренот на иглестите заби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Утрото свежо, калдрмата измиена, црната прав што тука се таложи од оџакот на фабриката за конзерви ја нема ни покрај големите и долги бели камења што ја делат калдрмата од другиот простор, а сонцето веќе убаво отскокнато во сината срча на небото го ослабнал топлиот здив и тие убаво се чувствуваат додека ја совладуваат Ѓуро Ѓоновиќ.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сето тоа минува крај двајцата борци и се таложи во длабочината на свеста, а таа обеспокоена ги гледа и не разликува кој треба да биде оној со кого разговараше, кој внукот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Иако во собата се таложат сенки и шумови на дожд, шепот од кој слепоочниците прскаат, не ја палам светилката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И понатаму - Градот плива во смет: валкани улици на кои се пластат слоеви од прав, фонтани што се претворени во кошници за отпадоци, зелени површини на кои од паднатото лисје и разновидните отпадоци зеленилото воопшто не се забележува, руинирани контејнери околу кои се таложи сметот, хаварисани возила - оставени како старо железо.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Здравко ме загледува, ме испулува зачудено. Тоа облачето, налеиштето, лак му е во очите. Ко шушлег, ко посоп му се реси, му се таложи. Пак некаде се пренесува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)