Впрочем, историјата на Балканот секогаш беше таква, доаѓаше и одминуваше во куп, а остануваше грутка мраз во душите на луѓето која тешко се топеше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се чуствувам повеќекратно исцрпен. Во сржта на моето тело тлее еден очај од кој чуствувам како одвнатре се топам и истечувам, дотрајувајќи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Железото веќе се топи. Станува течно како вода.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Калапите се полнат и постепено се оладуваат.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Да ја имаше, оваа тешка зачмаеност, што го вклештила и не го испушта, би се стопила како што се топи мразот напролет и тој би нашол утеха, ако не и тиха радост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ако го најдам, ќе ви постелам бело зглавје за да се доспиете во главата на последниот од последните оџачари скопски, насмеана меѓу устите на покривите и последните снегулки на светлината, кои паѓаат во устите и веднаш се топат, како сладок панаѓурски памук на стапче.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Сега, засекогаш тој ќе ги изуми и сите имиња, сите адреси, алегории.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Јатката на моливот, сите мои копнежи и тајни ги пресоздаваше во зборови и таа нејзина дарба е дело на голем и свет оган, низ кој се топела и претопувала нејзината света твар, сѐ дури низ тој оган и самата не се пресоздала во мое сеќавање.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И како минеше времето, сѐ повеќе се топеше, бледееше сето она што ги раздели.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дедо Димо слушаше со наведната глава, гркланот му подрипнуваше, се топеше од блаженство, му се чинеше на стари години ќе заплаче.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Вивнаа пламенчиња под жарот од сланината што почна да се топи, се рашири пријатна миризба, создавајќи во изѕемнатата душа на детето нишка од убаво настроение.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Оф, оф! - се топеше од задоволство, чувствувајќи го студенилото на снегот врз пламнатото лице.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Плугот заорал во камења, тули, пепел, пронашле и некои грнци, некакви бакарни гривни, други украсни предмети, пронашле и згура, што докажуваше дека некогаш, зад преградата од минатите векови, на ова место постоела населба во која се топеле и обработувале метали.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Зоби, зоби, чедо, - се топеше од милина старецот гледајќи го внукот како блажено ја полни устата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Секако таа долина беше и повисоко, зашто напролет снегот таму подоцна се топеше, а и некои видови овошје, круши и сливи, таму не вирееја.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Се топи снегот!“ радосна мисла мина низ неговата глава и му го огреа срцето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сланината веќе почнуваше да се топи, маста паѓаше врз жарта, предизвикувајќи мали пламенчиња.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Снегот брзо се топел и реката почнала пак да се појавува.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Снегот не се топел. Само врнел и врнел...
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Може да биде облачно претпладне во јули: Вкус на пепел може да се чувствува во воздухот; може да се насети и мирисот на дрвото што се топи на огништето; да се почувствуваат натопени цвеќињата; да се прошета усаменички низ опустошени шеталишта...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Студенилото на човековата душа се топи пред силата на љубовта, како што се топи свеќата пред силниот налет на огнот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Како што восочната свеќа се топи пред силниот налет на оганот, така студенилото на човековата душа го топи топлината на љубовта која доаѓа од длабочината на душата – не престануваше старецот. – Манастирон на планината?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Како што пука едрото напнато од белина, така пред нејзините ширум отворени очи се развејува пената на денот, толку лесно се топи чадот од ефикасни формули за брзо заборавање...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Солзите ни се мешаа со снегулките кои ни се топеа на лицата.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дури и сега јасно се сеќаваше на мирисот на градот – мирис на топли вафли со сладок сируп, кои му се топеа во устата додека низ толпите купувачи се пробиваше накај пристаништето.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Луѓето стануваа чудни, се нишаа, се топеа пред моиве очи и веќе беа базја меѓу тркала и рогови од кои змиесто се извиваа секакви корења и се испретплеткуваа околу сенките да им ја пијат темната крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Косот сепак ја разбрал и пркнал безгласно кон куп танкостебли дрвја; во окото му се топело грутче сончево злато.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Никој ништо не им кажа, никој не им дојде, пријателски и мислителски да ги измери со очи: не изеле толку фурни леб за да го фатат бегалецот со обетка на уво.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од зад карпите крескала сојка и го предупредувала жолтоклунецот; или повикувала гаврани на гозба.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговото чудно задоволство се топеше пребргу во тоа напорно пробивање на врзаниот чекор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во свеста се отвори пустош и во нејасна далечина се топеше озлоочената сала.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И тврдата упорност на каменот се топи во напорот на човекот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Срцето на таа негова жена е меко и жалосливо. И дуќанот се топи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Снегулките што му го покриваа лицето не се топеа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И, ден за ден ми се топи девојчето. На конец ѝ виси душата. Нешто ѝ ја јаде снагата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Голем рекам држеше: ги замижал очите и се топи дури одменува со прстите, дури поттупнува со нозете.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се топат коските наши, омекнуваат и не нѐ крепат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Да ти се плукне на лебот што си го собирал во најсилна горештина. Кога се топи и железото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не можеш да пукаш, се усвитила цевката, се топи железото и не го фрла ѓулето. Заглавува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Снегот ми се топи, како на усвитено железо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И, часот, почна да чади и да присмрдува, да се топи и да го снемува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нивните меса се топат, се залепуваат едно за друго и се собираат небаре куп смола. Згура.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па кога ќе се осигурам дека тропањето е од добиците, ќе си речам: блазе си им дека тие не знаат ништо. И се топам, како скрушец во ноќта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го пофаќам, а после не знам како да си ја избришам раката. Ја тријам со лапајцата што се топи на земјата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од ноздрите му излегува пареа и снегот му се топи околу устата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се топи детето, ко сапунче оставено во вода. Боледува тој, боледувам јас за него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со свои очи гледам како ми се топи девојчето, небаре снежинка, небаре грутка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На сѐ можеше повеќе да се мисли, одошто на една толку убава градба во оддалечениот и пуст крај.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кога пред пролетта почна да се топи мразот, секој момент загрижен, тој ги обиколуваше скелињата и насипите. Понекогаш и ноќе со гламна во рацете.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но тој лежеше со раширени раце како да си го мери гробот. Снегулките што му го покриваа не се топеа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Одвреме-навреме кацигата се топеше. Остануваа само роговите на голата черупка.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Можеш да го сториш тоа, господар си им на соништата. Бев, реков во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Пролетта отпатувале и синовите. Некаде пред пролетта, со ветриштата, кога почнуваат да се топат снеговите.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сонцето беше погодено в срце, се топеше. Крвавеше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се чинеше пожари, сѐ наоколу се топи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се топам во твоите прегратки, не можеш да ми побегнеш од овие сништа слатки.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Тој ја сврте кон себе така што сега стоеја гради до гради; нејзиното тело изгледаше како да се топи во неговото.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Почнуваш да се топиш во мојава прегратка. А секогаш изигруваше незаинтересирана, студена, недопирлива.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Робовите се омрцлавени, небаре свеќи што се топат на шандан, ами Турците?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
За јагулите и да не зборуваме, се топат на јазик како локум.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Спротивно на него, манастирскиот измеќар, кој не беше ни толку умен како Петрета, целата ноќ ја помина во фантазии во кои немаше пречки, а мислите му се надоврзуваа бујно една на друга и се мешаа, додека тој беше секогаш најумниот и најснаодливиот, та душата му се топеше во чисто блаженство.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Додуша шеткаа меѓу рисјаните уште неколку маалски попови, по еден до двајца во маалата Генко, Рале и Станимир, ама и тие се топеа како пена од ден на ден.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Црниците, меки и миризливи, се топеа в уста со онаа сочност и по малку тешка сладост.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- ГРУТКА СНЕГОВА МИ ЛЕГНА ВО ДУШАВА И НЕ СЕ ТОПИ... АМА ТОЈ ЌЕ ЈА СТОПИ - И ВЕК ЌЕ ВЕКУВАМЕ... ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Бисера се топеше од милина, подигруваше од радост, а Крсте седеше некако малаксан и задуман.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Малку благ од тиквата, малку лут од црвените пиперки, малку повеќе солен, елем, залак се топи, пиперки се шмукаат, бардакот се накрева де од еден, де од друг.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од песната се топи ледот, Венец - месец изгрева над брегот Паднат лебед умира на снегот. Сам.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Не пиштеа сирени и не татнеше небото и сепак - очите на тие наоколу беа ширум отворени, црнките во нив ѕвездесто прскаа и се топеа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јаготките беа зрели и црвени како крв и во устата на Трајчета се топеа како маст.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Но пените на пролетта од светлоста навеани се топат и гинат во тревата под која земјата расте и над нив сега се вее зелената џбунка на небото што го навестува родот донесен во сведенот на ветрот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ноќта сенката си ја бара додека крикот на птицата се топи во тишината на летото.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Почна селото да се топи, да истечува, да се празни. Го населија туѓинци.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Некои од нас сонуваат
необични животни
со гриви возвратени околу вратот
со набрекнати и за кас спремни бедра
како млади гиздави девојчиња
со копита за долги копкања
суштества што ’ржат и се пенат
од милост што се топат
суштества на јаве невидени
невјавнати, на лов неоднесени
би рекол и незауздани, неоседлани
неразждребени
а не знам од каде ми навираат зборовиве
непознати како животните
и бистрооки.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ме восхитува твојот говор без аскеза
без пауза клесан ко глинен глаголски натпис
обоен и обол, со густ внатрешен
ритам на мит и лира
на плот и жедба
твоето лице ко отсутност изгребано
ко ѕидини на древни светилишта
од рески и црти
шифри и датуми
ко забранета и жигосана книга
по којашто се топела душата
и го прелевала својот акварел
не повторувајќи ниту еден
потег.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Разбери ме
не можам повеќе
да те создавам
да те лекувам
со поштенски марки
нема повеќе
да патуваш
сакам
да верувам
молци
ги јадат
адресите
во мене
интимно
се топат
некои санти
и паѓа
горчлива
сенката
на времето
кога се кастрат
лозите
и поривите
а билјето
развива
бујно
како грев.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Шушка коприната
на незаборавот
глода свеста
гризе совеста
јаде жолчката
копнее желбата
се топи, се впива
во лебецот на јазикот
а јазикот е совршен акробат
во несовршениот циркус
на историјата
чијашто кожа е дребна
бродерија
скапоцен марифет
народот е и врач, и враг
Боже благи.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Неколку години потскокнуваа како жаби, а во жешките летни денови го бараа татко си што седеше под јаболкницата, ги ладеше со свои-те крилја и им раскажуваше диви, ѕвездени сказни за облаците-острови, за небесните океани, за превезите од магла и ветер и за тоа како вкусот на ѕвездите ти се топи на јазикот, како прилега тоа кога како камче паѓаш од Монт Еверест и потоа се престоруваш во зелен цвет, кога крилјата ти се расцветуваат еден миг пред да го допреш дното!
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Пет часот. Некаде во куќата часовникот одекна со тивок, музикален глас: Пет часот, пет часот, времето се топи, пет часот... а потоа и натаму предеше во тишината.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Така ден за ден, под овие подгниени покриви и меѓу ѕидовите што мирисаат на коњска пот и моч, се топи нејзиното ќеркиче.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во кошницата секогаш имаше свежи, вкусни бомбони и додека ни се топеа во устите, тетка ти и јас секојпат ќе помислевме во себе: кои бомбони биле први во кошничката, кога играчката била купена и на кои им се восхитува ѓаволчето, и како биле по вкус?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Гледам како иконата со Божицата, светата мајка, се топи во пламените јазици, заедно со нимфите и шеговитите сатири, како нејзиното прекрасно тело исчезнува во правот на Атлантида, Вавилон, Александрија или на некој друг безимен Град.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Фатија да пијат и луѓето што никогаш не пиеле, та кога започна снегот да се топи го газеа и му викаа: „Аха, бегаш, бегаш, мајчето твое!“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Меѓу старците што ги собра зимата, отиде и Тренко Шаин, дедо му на Тасе Шаин.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ѓоа не забележуваме дека ѕвездите ни се топат во очите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Не стигна ниту до крај да се израдува на снегот на тротоарот што се топеше под врелината на неговите стапки, кога почувствува дека нешто го ѕвекна по главата. Изгуби свест.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Неговата љубена во сонот беше ѕвезда што свети и грее, се разбира, ѕвезда во облик на мала топка сало. (Сонувајќи, Ќ не сфаќаше како таа не се топи од сопствената топлина.) Додека траеше сонот, Ќ го празнеше целиот фрижидер и потоа провалуваше во најблискиот фитнес-клуб за да трча на подвижна лента.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
И тогаш, јас и вие тоа не сме го виделе, ама го видоа невидливите очи на убавицата од Дардаванија, од преголемиот огин што го испумпуваше од срцето кон образите, мразулестите мустаќи Дедомразови почнаа да се смекнуваат, да се топат истечувајќи низ снежната брада која, исто така, почнала да се топи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Под нив се топи снегот и огнот оди надолу.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Надвор - мракот се топи, надоаѓа сивило.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И велам, си велам јас, кога си помислувам за нив, колку повеќе нив си ги спомнувам, толку повеќе ги сакам, копнеам и болам, се топам и смрзнувам и се губам во мислата во која е собрано се она што беше куќа и сите во неа, што беше семејство и родбина, нива, лозје, градина, смеење и тажење, радости, болка и фален да е Господ Бог, затоа што се ни даде!...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А со првите знаци на пролетта, кога се топеа големите снегови и жолтиот гороцвет ги прекриваше селските ливади, селото повеќе не беше отсечено од цивилизацијата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Високиот снег надвор беше стврднат како чкор, а месечината така блештеше врз него што се гледаше сета нечистотија со која белината беше испрскана во деновите додека нов снег не паѓаше, а стариот не се топеше.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ама мразот само се топи, ме плави и ме прелева.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А што знам, можеби од укитот што почна да ни се топи, ми се стори дека плаче.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Локомотивата пуфка чад и пареа, снегулките се топат на оџакот, си ги подгоруваат крилјата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Снегулките ми застануваат на веѓите, на трепките и ми се топат надолу по образите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На очи ти гори човекот, а не можеш да му помогнеш. Папоти и се топи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веќе беше седум ипол, а јас се топев во сопствената агонија.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Убаво е во нашава куќа. Потокот што тече под моите прозорци е двојно поголем отколку што е вообичаено, зашто снеговите од Бистра се топат, па сиот се пени и шумоли како да минува низ куќата, а не крај неа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ливадата наоколу е полна со сонце и со птици.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)