се (зам.) - фали (гл.)

Татко ми не поверува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ми се фалеа дека добро заработуваат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Купив со намалување! - се фалеше една жена, со пакетот во раце.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Да не ти се фалам, досега немам сретнато човек што поарно да пишува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Постојано се фалат и ни брмчат како бумбари околу нас. Најпосле, еден ден тоа ни препука и ни здодеа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Не да се фалам, но така е... Секогаш со овие зборови започнуваше велгоштанецот и додаваше како неговото око сѐ видело, а неговото уво сѐ чуло.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Вечер или утре ќе ме распрашува за сѐ, а потоа ќе се фали пред сите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бланш не се фалеше со тоа и на ѕидовите немаше слики да го рекламира тој факт, но факт беше тоа што таа порано беше Зигфилдова весела девојка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во тоа време во светот (токму како и сега) имало и други мачиња: црни, бели, сиви, и сите тие имале мустачиња но не се фалеле со нив како малото маче - долгоопавче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На суверните жени им продаваше лилјаци и се фалеше дека аптекарите му ги купуваат змиите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кузман потсмешливо гледаше по неа и се фалеше џвакајќи шматаво.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На сите им е многу важно да се фалат пред другарчињата со тоа што работат татковците и мајките и какво училиште завршиле.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Ќе си купам топ!“се фалеше Бебек, а сите од публиката беа готови да му се потпишат како жиранти, ако за купувањето требаше да подигне кредит.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во животот сѐ уште не сум слушнал човек што ќе каже: „Леле луѓеее, да можевте да видите, поточно, да можевте да слушнете, каков аплауз сум упатил на актерите на сценскиот живот“, затоа, пак, многупати сум слушал како некои чинители на духовните добра се фалат токму со гласноста и времетраењето на аплаузот што им бил упатен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А потоа се разгледал наоколу и кога се уверил дека никој не го гледа, си рекол сам со себе си: — Трај, Трајче, не се фали многу, оти и на млади години ваков торлак си беше“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Речиси сѐ што направиле - офарбале ко кремпита една стара градска куќа. И со тоа се фалат!?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа рака честопати знаеше да дофати некоја ситна работа и да ја повлече, а откако ќе го оставеа дуќанот, оној ќе го извадеше украденото и ќе им се фалеше пред сите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чекајќи ги децата, испотена како од сауна излезена, одам да се истуширам во вецето што е на крајот од дворот и ја слушам како ми се фали од далеку: „Реновирано е, сѐ е ново во бањата!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа едно, а друго сите кои чуле оти Лазор му се фалел на Хаџи Ташку дека и нему ќе му биде испеана песната, како што тој му ја испеа на стрика Анѓела, а и некои кои нѐ пизмат нас, можат да го отепаат на наш синор, или таков, отепан, да го фрлат кај нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега, загреан, одеше од гостин до гостин и се фалеше: Ганка му носи свилени јоргани, креденец, шарен килим, везени перници.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие колнат, молат за нешто, вели, се дрпаат и се виличат, се фалат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И сѐ така: тој кажи, јас кажи, си зборуваме, си се фалиме со селата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По него трча и Капинка. Трчаат и уште од далеку викаат, се фалат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сега кога им раскажувам на моите деца тие се кинат од смеење, но тоа беше мојот штос, зашто не сакав машките да се фалат дека се запознале со мене и дека сум нивна девојка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не ми личи да се фалам, ама да те прашам, колку години имаш ти сега?“ „Дваесет и осум“, рече Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Меаните и ановите се празнеа од веселите бегчиња вратени од војна: тие таму пушеа наргиле, се фалеа со подвизите и кршеа по некоја чаша.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Влаинката ја израдува овој краток разговор што му го разбистри лицето на нејзиниот син, па таа наместо тој, навистина ги засука ракавите, скокна и почна да се фали како на гроздоберот самата ќе ја преземе работата околу манџата за берачите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога останаа сами и кога попот Ставре отчита тоа што требаше да отчита, па му го подаде на ибн Пајко залчето натопено во вино, црвено како крвта Исусова, тој се скубна уште неколкупати низ брадата, па рече: „Е сега, да не се фалам многу, ама со помошта господова и ја смислив една итрина, сине Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И не само тоа. На очи се подбиваат шега на сите нас – муслиманите – дури се фалат дека не сме можеле да ги налегнеме нив како другата раја – заврши Селим со своето раскажување за слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не толку заради земјата, бидејќи таа не ги привлекуваше нивните апетити, зашто беше пуста пустелија – џунгла, ами да не ги соблазнуваат нивните чифчии по полето со таа нивна слобода со која секогаш и секаде се фалеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа дотогаш не беше забележала дека Крсте ја гледа, та дури чудо ѝ стана кога слушна дека овие му се фалат и сакаа дури да го тепаат заради неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Откаде боже златен, вие пари?, — се чудеше пуста му мајка кога ѝ се фалеше и дури ѝ потфрлуваше по некој и друг бел черек. — „Откаде му се“?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра, бесна од Илковата блага постапка спрема Доста, секој ден почна да ја дразни и предизвикува. A кога Доста ѝ се фалеше со Стоја оти ќе ѝ го „потполни самарчето“, одговараше: — Море бре, со шо ќе ме плашиш!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Се дуе како „орел в торба и продолжува да се фали како е арен човек, како ќе попушти на селаните, ако се вади сноп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Така го слушаше тој еднаш дедот Никола Дарков кога прикажуваше за мечки и кога се фалеше дека отепал пет, фатил три мечиња и една стара и им ја продал на Ѓупците да ја шетаат по селата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, сто рала гаќи да носат такви како Крстета Попов, окото не ми трепнуа, ќе и согаза како нишчо! — се фали Неда и се мисли: — „Оти волку и сакам, и неќу за него да се прикажуа?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, ќе и погрчиме ниа села, макар до еден да падниме! — се фалеше бившиот војвода и другар на Ѓуровчето; Стојко Цицо од Бешишта, којшто за педесетсто лири се префрли од „бугарска" на грчка страна и од војвода стана капиданис Цицос.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Другарот Јовче се фалел низ село дека со Јонче дувале трева за пусто џојнтче на вести се слушна наместо в Конче в ќорка ќе пушат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
„И вие се фалите со сето тоа?“ рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пали, пали! Како оган е лута. - Пали, синко, пали, ама со тоа се фали! - се насмеа мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Уште од основно се фалеше: „Разликата меѓу путерот и маргаринот е еднаков на онаа меѓу волната и памукот“ ...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Денеска поголемите деца од зградата на Зоки Поки се фалат кој од кого е похрабар.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Што велиш: - Тоа си го измислил за да се фалиш. - Јас?... Јас не се фалам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Глеј, бре, тревата се раззелени, цвеќето расцути, лисјето треперат, ластовичките летаат, билбилот се растури од пеење, потоците се наполнија вода, пчелите се разиграа во устите на цвеќињата, ментата мириса, а ти само - другар политкомесар тој и тој рече вака и вака, кодошиш, плукаш, се фалиш лево и десно демек непријателот го уништивме, му убивме и му ранивме толку и толку, а наши како да нема...како, бре, нема?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нешто слично се случува и со луѓето што се фалат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во мое време како деца, ние се фалевме за обични нешта.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Денес, добри мои, фалбаџиите се фалат со убав, скап автомобил, со скапи јадења со неразбирливи имиња, со лет преку океанот, со клавирот што им го купиле за роденден, со најнов тип на „сеико“ часовник, со супер скијачка опрема, со купувања во Солун, Трст, Париз, Лондон...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ги има и такви, само не сум слушал да се фалат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Треба да даваме со чисто срце, човечки, со убава желба, а не за да се фалиме, или пак да очекуваме тоа да ни се врати.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се фалевме: кој подалеку фрлил камен, кој има побрз коњ, чија крава прва се отелила, чие теленце е поубаво, кој може најдалеку да скокне, чиј петел најрано пее и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ретки се и оние што се фалат дека биле на работна акција, дека дале доброволен прилог, дека се дарители на крв.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Гледај го Македонецот, - се одѕва некој. - Се фали, - рече друг.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Букварот, велат, ќе ги обедини, ќе ги освести и заедно сите ќе се кренат да се борат, и Грција склучува договор со Турција и ги враќа Грците од Мала Азија, сите ги населува во нашите градови, а македонските Помаци ги иселува во Турција, ти ја земаат земјата сосе гробови, а без гробови немаш ни роднини, нивните војници со убиства се фалат во писмата: кој колку Македонци убил, се натпреваруваат во убиствата и затоа добиваат наградни отсуства и нешто друго добиваат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во Југославија има и македонска република, се фалам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се фалеше тој како да има којзнае колку пари, ми го покажуваше прекрасното кремасто одело што го носеше, дури го соблече сакото и го сврте од внатрешната страна за да ми покаже која марка е, не се сеќавам сигурно но мислам дека беше Армани.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Даме Груев почна растревожен да ни го раскажува следното: „ ’Да ги земе ѓаволот, јас уште кога заминав од Солун, тие штетници се фалеа и не дочекаа до денот на востанието; тие нѐ чинеа повеќе од 250 лири.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зашто јас, си признавам, не ги сакам луѓето што се фалат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А мене ми е мило што моето девојче престана да се фали, а се фалеше кога немаше зошто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)