Дождот престана. Небото се проби низ облаците.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Горе, на свијокот: се проби во шумата сноп светлина од фарот на камионот предводник на колоната.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Низ отворена врата се проби долга нишка светлост.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Повторно го видоа дури кон крајот на есента, во еден рибен ресторан во Барселона, облечен во истиот невообичаен комплет и со косата сплетена во долга плетенка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Тоа е тоа, тоа сме ние!“, пак се проби продорниот глас на П. Вулкански.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Се проби јаснозвучен силен глас и весело пеење се разлеа, ја потисна и ја смири викотницата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И, како што велиш, ако поминат таму, на Вичо, тогаш на каква кривина ќе се најдеме?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Една слаба рака со машки влакненца и широка бакарна алка се проби низ толпата околу масата и ѝ понуди запалка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)