Во моето село, во тоа време, немаше деца што го продолжија школувањето, но тоа за мене не беше утеха, мислев секој за себе треба да се грижи.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Богдан Русимиров беше човек на Шефот кој оцени дека крај себе треба да има таков професионалец со чиј прозивод би задржал ниво над сите други во увидот на нивната службена работа, но и во приватниот живот: тој се радуваше на материјалот што секојдневно го добиваше од Русимиров, внимателно го складираше, плашејќи се да не се активира предвреме, да не се распрска во неговите раце, да не го разнесе експлозивот што го подготвуваше за другите.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)