Стравуваше, еден ден, тој да не споулави од толку читање и заборавање на вистинскиот живот, да не му се случи како на едно друго дете од соседството кое, заминато во младоста во туѓина, во Романија и во Австрија, се врати со многу книги, а заврши зборувајќи си, со денови, самиот со себе чекорејќи брзо крај Езерото и служејќи им за потсмев на суријата деца.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Осип Мандељштам Се гледам со очите на ѕверот Затворен во својата ќелија Во својата богата пустелија И ја меморирам сета верност Што си ја искажував кон себе Чекорејќи низ долгите ходници Низ вените со сѐ уште топла крв.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)