И потем Фисот ме фати за коса, ѝ рече на Луција „Избриши го“, и таа потем долго ме бришеше со шамичето; гледав солзи во нејзините очи; тоа не беше онаа Луција од разбојот, којзнае дали некогаш воопшто и постоела таква Луција, си мислев; гледав пред себе жена во солзи, сподобие страсно во писмо што го преточив, во песни; жена со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; со усни – алова панделка, со уста слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; еве ја, плаче пред мене и ми ги подава рацете, и вели: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; еве ја, стои пред мене и јас ѝ велам: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа е мојата грешка, што изреагирав како покрај себе да имам рамна на себе жена, а не мало девојче.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Виновна сум и не знам како да ти се извинам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мрзливиот 'и прашал, дали је млено, и коа разбрал оти не било млено, а пчејнца, повикал: - Не, не!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Шчотуку заминал, живијот мртоец станал, ошол дома, грабнал секирата, се прекрстил и: хаа, на работа!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Еј, еј, море мажу, море будало - си рекла сама со себе жената - не си земаш една измеќарка да ти ја крепи куќата, туку му нарачуаш на метлата, таја да врши работа.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)