Се најдоа и некои такви, од жените, кои тврдеа, навистина не најаве туку на сон, дека го виделе сети Јован Крстетел како доаѓа по Градишки Пат во Потковицата водејќи по себе коњ и носејќи в раце нешто завиткано небаре детуле, и како се запира кај Јанчевци, и како, потоа, излегувајќи од кај нив, не Боше нивни, туку тој, свети Јован Крстител, преку срецело и низ гробиштата и преку Горник оди напред, не допирајќи ги земјата и снегот притоа, и покажувајќи му пат на Бошета и учејќи го како да гази, а да не остава траги во снегот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со неколку куршуми во себе, пред сосема да се прости од метежот на тоа споулавено човечко судрување, Питу Гули го видел над себе коњот со вулканска ноздри. Се насмевнал, белината на неговите заби била покриена со крв.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)