Во Париз, на пример, се смета навредливо и многу просто ако загледаш некоја жена или ѝ дофрлиш некакви непријатни зборови, но на секоја од нив можеш да ѝ се приближиш ако носи со себе кученце и ако тоа го држи в рацете - можеш да го помилуваш, а пак дамата за ваквиот гест ќе те награди со насмевка...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не сакаше да поведе со себе куче, за да не ги остави колибата и добитокот сами на едно куче, кое, ако се укаже потреба да се бори против некоја неочекувана опасност, може и да се скрие од страв.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)