Додека ги стискал забите како да сакал да ја задржи во себе силата на животот ( не земај ми ја душава, можеби можел да шепоти своја молитва, додека не ти принесам курбан), негде, не можејќи да определи каде, умирал ранет војник и пеел на турски за мајка и за дом по кој се копнее.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не се сакаше таков, бараше во себе сили да ѝ се противстави на таа зачмаеност, но не успеваше да ги најде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)