Она што сега ќе се случи, мора да е она најсветото -: она што го познавав и повлеков - како што творецот би го впил во себе својот свет.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Следен од непријателски борбени авиони додека летал над Индискиот Океан носејќи важни пораки, тој го приврзал за себе својот митралез како тег и скокнал од хеликоптерот во длабоката вода, заедно со пораките - крај, рече Големиот Брат, за каков што не е можно да се размислува без чувство на завист.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Климент Камилски согоруваше длабоко во себе својот сон да го сподели на Балканот со другите, да влијае на луѓето на своето време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Леси се случува како и сите видливи појави: арапскиот ресторан на четвртиот кат во испразнетата зграда, голтките топол пијалак од шарената шолја извалканиот кафеански чаршаф, онаа жена во кафеаво палто и со долг бел шал врз него, која го припила до себе своето дете сред уличниот метеж, тркалезната купола на амамот, запрено во мигот пред тресок.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сепак никогаш не успеав да ја започнам плетката со конецот на разумот и со конецот на страста и тоа сега го чувствувам како свој пораз што потајно тлеел еднаш под допирот на зборот, другпат под допирот на телото, на кои секогаш реагирав различно.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И во таквите мигови, кога ослободена од железните рамки на предрасудите ќе се почувствував поинаква, а сепак длабоко во себе своја, со најсвое јас, се спознавав: бев Ема единствена и неделива, туѓа и одвратна за оние што не можеа да ме разберат.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но тогаш, во таа ноќ, на Отец Симеон уште ангели му пееја над глава. „Добро утро“, се насмевна човекот, Отец Симеон се сврте кон него и го остави адвентистот да избега, да го однесе со себе своето ненадејно штукање.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не, ти си прв, ќе ја наведнеше главата. Прв?... Ќе ја закопав во себе својата смеа и ќе премолчев дека знам - јас секогаш сум или прв или втор.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не се истргнаа тие стебла од земја и не ги оставија зад себе своите кори како змиски кошули за да појдат голи и бели во молчалива месечарска колона.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Го носев во себе своето проклетство да им верувам на сите Марии.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Заиде, папсан, речиси влечкајќи ги по себе своите празни раце, своите долги раце, а тие во бараките сега изнаскокаа и се сместија по своите легла, некој дури почна и да крчи, како во сон.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И додека мислеше: Боже, колку неповторливи маѓии имаш за нашава земја, не помислувајќи притоа на ништо определено, тој си ја прибра до себе својата долга француска пушка, ја настега во неа последната пачка фишеци, што ја имаше, и ја задржа тука.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Нервозно и скинато расправав и забележувајќи млака иронија во насмевките на пријателите, се каев и ја колнев во себе својата неуверливост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Дали се прашувавте дали скоро ќе се врати и дали ќе ја доведе со себе својата сенка и дали песот ќе го врзи за нечија насмевка или за трнот на кој цути непозната реч?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Зигмунд тоа попладне ја имаше втората операција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Татко му пристигна вечерта. Следниот ден влезе во возот за Хамбург носејќи го со себе својот син во малечок ковчег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мислам, по ова негово последно искуство, за кое не забораваше да напомене дека било премереже поттикнато од маглите на судбата, како да ја кладе под себе својата живеачка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дали се прашувавте дали наскоро ќе се врати И дали ќе ја доведе со себе својата сенка и дали песот ќе го врзи за нечија насмевка или за трнот на кој цути непозната реч?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дали го прашавте што памети а што заборавил?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Како да ја симна од облаците и ја довлечка од далечините за да ја има што поблиску до себе, а ако затреба и да се потпре на неа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дали поверувавте дека зимата треба да ги охрабри оние што ги одмина летото оние чија тиха ѕвезда упорно ја следи својата патека?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Неговиот татко, именуван како Таткото во романот, отсекогаш ја носи со себе својата библиотека, слика на предците уште од далечниот Цариград.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)