себеси (зам.) - дека (сврз.)

Во нив овој ситен злобен шовинист, овој опортунист од страст, овој вечен несреќник и полутан за момент си умислува себеси дека е нешто друго, за токму во таа фантазија да ја потврди својата неспособност тоа друго, подобро, стварно и да стане.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Лут на себеси дека задремал најаден и напиен, што можеби го потсетуваше на татко му од кого сакаше да се разликува барем во по нешто, Живко се размрда не само расонет туку и отрезнет, па дури и си ги протри дланките од претстојното задоволство откако си ја избриша дремката од лицето: - Ако ја преспавме Битола, нема да го преспиеме Прилеп.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Всушност, јас сметам дека традиционалната врска помеѓу науката и терапијата е една од оние идеи кои ги хендикепираат терапевтите, теоретичарите, истражувачите како и клиентите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подготвен сум да се обложам дека многу од вас си велат себеси дека го познаваат сопствениот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, всушност, го прават токму тоа.358 Токму затоа што општествената репродукција на машката геј-култура не се врши од страна на главнотековните општествени институции – чие дејствување како средства за културна иницијација и понатаму е невидливо и незабележано затоа што е толку очигледно – машката геј-акултурација и натаму е таинствена работа, особено кога изгледа дека во голема мера е завршена, или дека е барем во одмината фаза, во некој миг од раното детство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тие се склони погрешно да ги препознаваат или да ги одрекуваат видовите на културни практики во кои се впуштаат и ефектите што ги предизвикуваат тие културни практики.357 Хетеросексуалците обично не си велат себеси дека, кога гледаат филм како Титаник, всушност, се дале на иницијација во културата на хетеросексуалноста, на воведување во една многу конкретна идеологија за романтичната љубов како извор на спасение и во буквално катастрофален модел на женствениот родов идентитет како некаква несреќна состојба од која треба спас („ме спаси, во секоја смисла во која може да се спаси човек“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќето други општествени групи – било малцинските групи како што се Афроамериканците, било мнозинските групи, како што се Американците без предзнак – се иницираат во своите култури и дома и на училиште, како и преку телевизијата и преку филмовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Родителите и децата не ги учат децата како да бидат геј онака како што ги учат да бидат Американци. (Иако понекогаш децата ги учат како да бидат стрејт на начини што толку силно им се удираат од глава што слободно може да се каже дека, всушност, ги учат децата како да бидат геј).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се разбудив испотена; надвор дождот беше престанал и мракот паѓаше преку темномодрината на облаците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа 1919 година, веднаш по завршувањето на болестите кои дојдоа по војната, исцрпена од војувањата, се распадна Австро-Унгарската империја, и ние останавме во она нејзино парче кое оттогаш се нарекуваше Австрија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие денови, по будењата, се обидував да се убедам себеси дека треба пак да ја посетам Клара, и веднаш наоѓав изговор – во Виена имаше епидемија на пневмонија и шпански грип, и секојдневно умираа стотици луѓе, беа затворени училиштата, театрите, операта и кино-салите, се препорачуваше да се излегува од дома само кога тоа е неопходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само додека е овде душата не може во потполност да се увери себеси дека сѐ е онака како што треба да биде, и дека го сторила она што морала да го стори, за да исполни некој повисок, нам неодгатлив план.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но нека другите судат за строгоста на градоначалникот, третите за доследноста на градоначалникот, четвртите за сеприсутноста на градоначалникот, јас пак, штом раскажав за надворешниот изглед на градоначалникот, се тешам себеси дека Овде, и од мојот мед има капка... okno.mk 129 130 Цртеж: Леонид Соков okno.mk К.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа не се фалам дека сé објаснив и прикажав.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се обвинуваше себеси дека тој не бил и не може да биде никогаш способен да ја исполни таа тешка повелба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Откако се насити со свежа салата, беше со љубов чуван и гален, неговото почетно напредување ветуваше, па со надеж си реков себеси дека пред борот во дворот да ја премине висината на покривот, Освалдовите сребренести рогови ќе се најдат во видното поле на Маргарета за да ѝ ја пренесат мојата љубезна порака; во меѓувреме, одовде среќно би можел да ја замислувам нејзината радост кога ќе го здогледа, мавтањето на плетенките и рацете.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но кој ќе излезе накрај со таа питомост која и ни овозможува да преживееме, речиси во истиот момент си реков себеси дека можеби Ана (дека можеби Маргарита) нема да се симне на Монпарнас-Бјенвени (и не се симна), дека нема да се симне на Вавен, и не се симна, дека можеби ќе се симне на Распај бидејќи тоа е првата од двете преостанати можности, па кога ни тука не се симна и кога сфатив дека останува уште само една станица каде што би можел да ја следам наспроти последните три каде што веќе сѐ би било сеедно, пак ги побарав очите на Маргарита на прозорското стакло, ја повикав од таква тишина и неподвижност што тоа мораше да допре до неа како зов, како бран, ѝ се насмевнав со онаа насмевка која веќе ни Ана не можеше да ја занемари, која Маргарита мораше да ја прифати иако не го гледаше мојот одблесок камшикуван со полусветлото на тунелот што веќе избиваше на Данфер-Рошро.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Партискиот интелектуалец знае во кој правец треба да бидат преуредени неговите сеќавања; тој, според тоа, знае дека ја изигрува стварноста; но применувајќи ја двомислата, тој исто така се уверува себеси дека стварноста не е повредена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти не си во состојба да се сетиш на вистинските настани и се убедуваш себеси дека се сеќаваш на други настани, кои никогаш не се случиле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но таа немаше намера да се убедува себеси дека Круме Волнаровски сега така размислува.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се убедував себеси дека нема лоши луѓе, дека нема лоши работи, барем дека тие се далеку од мене и моите најблиски.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Хелвиг, овие изминати месеци, сакаше да се убеди себеси дека за сѐ што се случи, за заминувањето на Марија со детето, беше виновна и таа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Од жал за Ангелета Велика често ја облекуваше во неговите машки алиштенца и така се лажеше самата себеси дека го гледа синчето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не знам дали е в ред да се прекорувам себеси дека моите последни навраќања во Книгоиздателството што се наоѓаше веднаш зад Камениот мост биле поттикнувани и од љубопитството да се осветли уште некоја дребулија од минатото на човекот што ја беше отфрлил мантијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури бев пресметал во себеси дека зајменото ќе можеме да го вратиме за месец или најдоцна за два, а самиот настан го бев сместил помеѓу оние мали авантури што барем до случајот со столовите немав храброст да ги престорувам живот но затоа пак постојано ги смислував и ги оставав слободно да шетаат низ мојата фантазија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Да, имавме тешка ноќ - повтори како да се уверува самиот себеси дека било токму така како што беше рекол предмалку и истури една добра количина од течноста во поткрената зината уста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се сетив каков беше во градината, испотен, и на сите оние патувања и сите нешта што ги правеше и на наслушнувањето, и знаев дека тој тоа го чини за да се убеди себеси дека морето, градовите, земјата и неговото семејство се единствените вистински и добри нешта.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Јас бев ужаснат од Него доколку тој постоеше, и исто така ужаснат доколку не постоеше.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си велев себеси дека сето ова е човечко расудување: дека Бог, доколку постои, мора да биде бескрајно зад безначајните проекции на моето идеализирано сфаќање за моите сопствени идеали.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)