секаков (зам.) - свест (имн.)

Ете зошто се склони да одрекуваат секакво учество во геј- културата или секаква свест за нејзиното постоење, иако одвреме-навреме активно се вклучуваат во животот на геј- заедниците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Романсата ни овозможува да избегаме од секаква свест за општествената чудност и неусогласеност на хомосексуалноста; таа нѐ навраќа на невината самоникнатост на природното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од што точно се плашат сите тие луѓе? Дека грижливо поставената фасада на геј- мажественоста, со маки добиена благодарение на поединечен и колективен труд, ќе им се урне како кула од карти и ќе ги открие оцртите на она одвратноно Друго, самовилата или кралицата?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ни овозможува да се чувствуваме длабоко исправно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И навикнати сме да го слушаме она постојано, настојчиво тврдење – што непрестајно ни се повторува веќе со десетлетија – дека машката геј-женственост е нешто од минатото, дека поларизираните сексуални улоги се застарени, хомофобични претстави, дека „кралицата е мртва“, дека нема разлика меѓу геј- и стрејт-луѓето, дека не постои никаква машка геј-култура што би била нешто повеќе од низа од злонамерни стереотипи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ја наткрилува болештината на изопаченоста и ја разводнува патолошката дамка на гејството во велелепието на среќната двојка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите кои сакаат да се претставуваат како мажевни, ненастрани, постгеј или едноставно како обични, секојдневни дечки чија сексуална наклонетост не ги обележува како инакви од обичниот свет, инстинктивно клонат од секој аспект на машката хомосексуалност што би изразувал или би означувал женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, има и други причини поради кои геј-мажите умеат да бидат особено подложни на романсата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)