Можеби Водомар легнат во песочна длапка секакви соништа ткае од езерска капка.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Се изгуби секаков сон во домот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Лудиот ѕвонар бие на своето камбанче, прекинат е секаков сон.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Стрвен на секакви соништа грнчарот може да набаса на соништа што ја будат болката, на соништа мемлосани од многу влага, тадури и на соништа оболени од зломисла и тешко нему ако се засркне од таквите соништа - којзнае дали ќе успее некогаш да го допре јавето сраснато во глината.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)