При секое влегување дома ќе ги изрецитираше трите куртоазни фрази.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
При секое влегување во даскалницата, Петрета го наоѓавме со камена плоча на скутот како ја глода со тоа едно максуз направено чеканче за кошање камен.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Зашто, независно колку пати човек ќе наврати на Изложбата, во кој и да е павилјон, при секое влегување открива нешто ново, што завчера или вчера окото не го забележало.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сите негови шетаа низ куќата со подуени очи од плачење; со секое влегување кај него во собата, очите ќе им се наполнеа со солзи и излегуваа надвор да ги излеат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Учителот и таа година му ја кроеше капата: при секое влегување во училницата го земаше на нишан: - Е, Коле, Коле, и оваа година, гледам, ќе те прерипа.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)