Месопотамискиот универзум - бидејки не бил составен од мртва материја, бидејки секој камен, секое дрво, сѐ што е појмливо во него, било доживувано како волево суштество со свој карактер - „... се базирал на авторитет; и неговите членови, намерно или автоматски се покорувале на редот кој наметнувал соодветно дејствување.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
- Да, - реков, - секое дрво е најубаво таму кај што расте.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
За секое дрво по едно дете да доведете! Илјадници дрвја, илјадници деца!
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Од секое дрво друго ветре се мешколи и ти шумоли ко човечки говор со притаен кикот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некое куче нѐ подлавнува, петлите кукурикаат по плотовите, сѐ околу нас пее. „Околу Ѓурѓовден, велеше мајка, секое дрво знае да пее и секое дрво да се радува.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Беше и една пеколна тиштина, зад која што од сите страни продолжуваше да си постои онаа раздвиженост; тој сега го носеше и тоа како уште поморничаво бреме по угорницата, го сеќаваше како го дебне од зад секое дрво, но продолжуваше нагоре.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Шумата, што почнуваше веднаш тука и ги обраснуваше двете високи странки на долината, беше станата сета еден раскошен бел вез, во кој секое дрво претставуваше по една чипкеста плетенка од окит.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
8. ОД СЕКОЕ ДРВО НЕ БИДУВА СВИРКА - пред оваа разновидност се симиња капа: зар само свирки да трештат во циркус, некое од дрвата ќе треба и за тапан...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
А на секое дрво околу нас седеа на гранките мајмуни и крескаа шарени папагали.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Најпосле со помошта на сите цртачи од селото дознав дека некаков голем крокодил им ја краде стоката, дури напаѓа и на луѓе.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Најмногу комитствувал тука во Брезничкото, зашто го знаеше секое дрво на Пелистер и секој човек од Брезница и од неколку села од околу.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Да, - реков, - секое дрво е најубаво таму кај што расте.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
За секое дрво по едно дете да доведете! Илјадници дрвја, илјадници деца!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)